Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Просечна старост на починатите од коронавирус во Србија над 65 год.

0
By Нова ТВ on March 29, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 29, 2020 16:37

Во Србија во изминативе 24 часа, од 376 новотестирани, позитивни на коронавирусот се 82 лица, негативни 294 лица, со што вкупниот број на заразени се искачи на 741 лице, изјави на денешната владина прес-конференција заменик директорката на Инститиутот за јавно здравје „Батут“, Дарија Кисиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Кисиќ рече дека денеска починати се уште три лица, маж во КЦ Војводина во Нови Сад, роден 1958, и две жени во болниците во Белград, родени 1934 и 1938 година, со што бројот на починати од оваа епидемија се искачи на 13 лица.

Според сајтот на Министерството за здравство на Србија, од 13. смртни случаи, осум се мажи, а пет жени, со вкупна просечна старост од 65,77 и процент на смртноста од 1,75 отсто.

Досега вкупно се хоспитализирани 356 пациенти, 55 лица кои се водат како тешки случаи се ставени на респиратор, изјави на прес-конференцијата Кисиќ. Во националната референтна лаболаторија на Институтот Торлак во Србија досега се тестирани вкупно 2.462 лица.

Kоронавирусот е регистриран во 35 градови и според досегашните податоци најмногу заболени има во Белград-289 лица, Ваљево има 47, Чуприја 41, Ниш има 37 заразени граѓани, Крагуевац има 18 лица со потврден коронавирус, Крушевац 18, Чачак 11, а Нови Сад, Кикинда, Врање, Ужице, Зајечар, Панчево и другите градови имаат помалку од 10 потврдени случаи.

И на денешната прес-конференција епидемиолозите кажаа дека сите позитивни луѓе со лесна клиничка слика ќе мора да бидат сместени во привремената болница на Белградскиот саем, кој е подготвен со 3.000 легла, како и во спортскиот центар Чаир во Ниш и на Новосадскиот саем.

РТС објави дека првите пациенти од денеска властите почнале да ги сместуваат во карантинот на Белградскиот саем. Денеска постарите лица од 03-08 часот имаа можност да излезат од своите домови за набавка на основните намирници, можност која според вледините мерки е предвидена само еднаш неделно. Според изјавата на директорот на полицијата Владимир Ребиќ за Танјуг, во Србија досега 1.253 лица се казнети за кршење на полицискиот час, 678 лица казнети се за кршење на мерката на самоизолација, од кои три лица вчера добија до три години казни на судењата организирани преку видео линкови. Во притвор во Србија за кршење на мерките на Владата се наоѓаат вкупно 119 лица. Српскиот претседател Александар Вучиќ кој најави за денеска презентирање на економската програма за справување со последиците од епидемијата, прес конференцијата ја презакажа за вторник.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.