Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Словенците го одврзаа ќесето: Три милијарди евра за граѓаните и економијата

0
By Нова ТВ on March 29, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 29, 2020 19:05

Словенечката Влада, по дводневно заседание, конечно го усогласи и објави таканаречениот „Корона Закон”, со кој граѓаните и компаниите ќе добијат директна државна финансиска помош од три милијарди евра, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Целта на овие закони е да се ублажи финансискиот удар врз граѓаните и економијата поради епидемијата на коронавирусот.

„Ваков закон никогаш не е донесен во Словенија. Мерките од новиот закон ќе важат откако Собранието ќе го потврди. Со мерките ќе ги спасиме луѓето, економијата и нашите животи“, изјави премиерот Јанез Јанша, претставувајќи го законот.

Според одлуката, сите самовработени, кои поради епидемијата не можат да остварат соодветен приход, ќе добијат помош од 700 евра, а државата ќе им ги плати и придонесите.

Помош од државата во висина од 150 евра ќе добијат и сите редовни студенти во Словенија.

Додаток на плата во висина од 100 евра ќе добијат и семејствата со три деца, а оние кои имаат повеќе ќе добијат државна помош од 200 евра месечно.

Државни пари на сметка ќе добијат и пензионерите, а висината ќе зависи од тоа колкава им е пензијата. Оние со најниски пензии до 500 евра ќе добијат 300 евра помош, тие до 600 ќе добијат 230 евра од државата, а на оние со пензии над 700 евра им следуваат 130 евра помош.

Што се однесува до компаниите, за да се зачуваат работните места државата го презема плаќањето на придонесите за сите вработени, кои поради намалениот обем на работа ќе бидат испратени дома на таканаречено „чекање”, односно седат дома.

Дополнително, здравствените трошоци за време на епидемијата целосно ќе ги покрива Фондот за здравство, а не работодавачот.

Оние кои се изложени на опасност поради својата работа за време на епидемијата ќе добиваат поголема плата од 10 до 200 отсто, а се препорачува и приватните компании да го следат истиот пример и на вработените кои се во ризик да им ги зголемат платите.

Функционерите именувани од Владата ќе добиваат 30 отсто помала плата за време на епидемијата.

Премиерот Јанша најави дека следува и втор ваков сличен закон со кој дополнително ќе им се помогне на граѓаните и економијата. Според него, со овој Закон нема сектор во земјата кој нема да добие финансиска помош, а тоа важи и за општините односно локалната самоуправа.

Европската централна банка ќе ги поддржи овие мерки со една милијарда евра.

Од Владата најавија дека дополнително ќе воведат рестрикции на движењето имајќи предвид дека викендов граѓаните ги наполнија туристичките центри, што предизвика голема загриженост.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.