Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тетово: Коронавирусот ја намали работата и меѓуетничкото другарување

0
By Нова ТВ on March 31, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 31, 2020 09:51

Како и многу други занаетчии, така и берберот Седат Османи во време на ширење на коронавирусот внимава, но и ги почитува препораките на Комисијата за здравство. Задолжително ги прашува муштериите дали дошле од странство и каква е нивната здравствена состојба, па потоа ги седнува на берберското столче. Внатре влегува по едно лице, а во овој период берберницата работи само неколку часа во текот а денот.

„Со вирусот сега помалку работиме, се плашиме од заразата. Дај боже животот да се врати во нормала и да продолжиме со другарувањето“, накратко ни рече Седат Османи.

Берберницата на Седат е лоцирана во комплексот познат под името „Базар“ во центарот на Тетово. Роберт Јаковчевски беше првиот муштерија рано наутро. Тој работи во ресторанот кој се наоѓа на неколку метри од берберницата. Вели дека е задоволство да се потстрижува кај Седат. Најдобар е во градот, но и најпријателски настроен.

 „Тука е супер и тука одам веќе четири години, супер е се. Цел ден го поминуваме во добра атмосфера. Јас тука работам во еден ресторан, ама без разлика пак сме заедно. Претходно се потстрижував на друго место. И тука го избрав овој бербер дека е најдобар, ама и муабетчија е. Супер ни е тука не се прави разлика дали некој е Македонец, Албанец или Турчин“, рече Роберт Јаковчески   

Седат Османи со оваа професија се занимава уште од дете, цели 18 години. Неговата берберница можеби ги разби стереотипите кои постоеа во Тетово – Албанци да се потстрижуваат кај Албанец, Македонци кај Македонец, а Турците кај Турчин.

По националност е Турчин, но кај него се потстрижуваат претежно помлади лица од разни националности.  

„Со оваа професија се занимавам 18 години и се запознавам со многу луѓе. Имам муштерии од сите етнички заедници, имам и другари меѓу нив. Тие што ме почитуваат и јас ги почитувам. Имаме муабет. Овој занает почнав да го изучувам во Горна Чаршија, многу го сакав и одев на школо, но одлучив да продолжам со ова. Не гледам етникуми, јас гледам само да е човек, што да е само да биде човек. Ако е човек, јас сум уште поголем човек. Другарувам со сите националности, одиме на кафе, на забава, шетаме имаме добар муабет. Тоа е најважно. Треба политичарите и повозрасните да учат од нас“, рече Седат Османи.

Османи се надева дека состојбата со коронавирусот ќе помине што побрзо, а животот и другарувањето во комплексот „Базар“ ќе продолжи и натаму во здрав и мултиетнички дух.

Коронавирус соживот Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.