Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борел: Со лидерство дојдовте до преговори, ве чека уште многу работа

0
By Нова ТВ on March 30, 2020 ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 30, 2020 19:36

Шефот на европската дипломатија, Јозеф Борел упати порака до земјите од Западен Балкан дека нивната иднина е во ЕУ и дека Унијата е подготвена да ги поддржи нивните напори во справување како со актуелната криза со пандемијата, така и во реформскиот процес што претстои за исполнување на обврските за полноправно членство во ЕУ.

„Со донесувањето на оваа важна одлука во вакви времиња, ЕУ се придвижи напред и испрати јасна порака до Западен Балкан: Европската унија не е комплетна без Западен Балкан. ЕУ се покажа обединета во една од нејзините приоритетни политики и го стори тоа соочена со решавање на глобалната криза. Одлуката е навистина „зрак светлина во овој мрак околу нас“, како што рече мојот почитуван колега и министер за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров, коментирајќи ја одлуката за отворање на пристапните разговори со Северна Македонија и Албанија. Побаравме многу од двете држави и тие тоа го исполнија. Сега, ЕУ, исто така, го направи вистинскиот чекор од своја страна. Тоа е охрабрувачка порака дека напорната работа и вистинското лидерство од обете страни доведуваат до резултати“ изјави Борел.

Тој во оваа изјава, поздравувајќи ја одлуката на ЕУ за отворање на пристапни преговори, потсети на напорната работа која допрва следува во процесост на реформите што треба да се случат за да се исполнат критериумите за полноправно членство.

„Со почетокот на преговорите за пристапување, многу работа сега стои пред нас и отворањето на разговорите за пристап беше само првиот чекор од тој интензивен процес. Треба да се случат длабоки социјални, политички и економски реформи пред полноправното членство. Овие трансформации природно бараат време и бараат напори, но она што е важно е дека „зракот на светлината“ за двете земји треба да го охрабри и остатокот од регионот да го стори тоа што е потребно и да го следи патот на реформите, во корист на граѓаните на Западен Балкан“ вели Високиот претсавик на ЕУ, Јозеф Борел.

Тој исто така упати порака за потребата од јасна демонстрација на солидарност која, како што вели, не е замо збор туку голема обврска.

„Во овие времиња, кога сите ние се бориме со невидена криза и нејзините последици, мора да покажеме што значи европска и глобална солидарност. Солидарноста не може да биде само збор што го користиме без каква било обврска. Солидарноста треба да се докаже со активности. Во рамките на ЕУ, земјите-членки покажуваат солидарност бидејќи некои од нив примаат пациенти од преоптоварени болници во други земји-членки и споделуваат лична заштитна опрема меѓу себе. Заедничка работа е, исто така, во тек, за да се обезбеди репатријација на граѓаните заробени низ целиот свет. И ние не ги забораваме луѓето во Западен Балкан“ изјави Борел.

Тој натаму во својата изјава потсетува на помошта која ЕУ ја обезбедила за земјите од регионот.

„ЕУ го објави пакетот на билатерална финансиска помош за сите шест партнери во регионот. Ќе обезбедиме итна помош до 38 милиони евра за справување со итни случаи поврзани со КОВИД-19. Овие пари купуваат респиратори, маски и друга медицинска опрема, плаќаат летови кои носат помош и ги покриваат непосредните потреби на луѓето. Покрај тоа, ЕУ одлучи да го поддржи регионот со прераспределување на 374 милиони евра за социјално и економско закрепнување, откако ќе заврши пандемијата. Ова значи заштеда на работни места, бизниси, социјални придобивки, тоа значи да им се овозможи на луѓето да продолжат со своите животи откако ќе ја надминеме оваа пандемија“ изјави Високиот претсавик на ЕУ, Јозеф Борел.

Албанија

Четири милиони евра поддршка на здравствениот сектор; седум милиони евра за социјално и економско закрепнување

Босна и Херцеговина

Поддршка од седум милиони евра на здравствениот сектор и 74 милиони евра за социјално и економско закрепнување. Граѓаните на Босна и Херцеговина, исто така, успеаја да се вратат дома од Мароко со летот за репатријација на ЕУ

Косово

Поддршка од пет милиони евра на здравствениот сектор, 63 милиони евра за социјално и економско закрепнување

Црна Гора

Три милиони евра поддршка за здравствениот сектор, 50 милиони евра за социјално и економско закрепнување

Северна Македонија

Четири милиони евра непосредна поддршка на здравствениот сектор, 62 милиони евра за социјално и економско закрепнување

Србија

Непосредна поддршка од 15 милиони евра за здравствениот сектор, 78 милиони евра за социјално и економско закрепнување

На крајот од оваа изјава Борел потсети дека ЕУ од 2014 година до сега во регионот има вложено една милијарда евра за директна подршка на граѓаните.

„Западен Балкан може да смета на солидарноста на ЕУ. И не само во време на криза. ЕУ е главниот донатор, инвеститор и трговски партнер на Западен Балкан. Од 2014 година, ЕУ додели над една милијарда евра поддршка за луѓето од Западен Балкан. Овие се важни факти кои ја демонстрираат вклученоста на ЕУ во регионот и нејзините напори за борба против вирусот во ЕУ и во странство, вклучително и во Западен Балкан“ изјави Борел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.