Сексот и голотијата продаваат ама во случајот на видеоспотовите на Бритни Спирс и Мајли Сајрус режисерите отишле предалеку, заклучи Високиот совет на француската радиодифузна агенција, кој спотовите за „WreckingBall“ на Сајрус и „Work B**ch“ на Спирс, ги оцени како премногу провокативни за пошироката публика.
Бидејќи овие визуелни содржини не се во согласност со препораките донесени во 2005 година, АДС го забрани нивното емитување пред 22 часот во Франција.
Бритни Спирс евоцира „атмосфера на мазохизам каде што жената е прикажана на начин што може да ја шокира пошироката публика“, додека Мајли Сајрус промовира „сцени со сексуална конотација“, наведува Високиот совет на француската радиодифузна агенција АДС.