Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Туркменистан го забрани зборот „коронавирус“, кој носи маска може да бидете уапсен

0
By Нова ТВ on March 31, 2020 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 31, 2020 19:34

Со исфрлање на зборот „коронавирус“ од туркменскиот речник во радикален потег за потиснување на сите информации за пандемијата, владата на Туркменистан ги става во опасност своите граѓани, велат „Репортери без граници“ (РСФ).

На државните медиуми веќе не им е дозволено да го користат зборот и тој дури е отстранет од брошури за здравствени информации дистрибуирани во училиштата, болниците и работните места, пренесува Туркменистан Хроникс, еден од ретките извори на независни вести, чија страница е блокирана во земјата.

Граѓаните, пак, кои надвор се движат со маски и зборуваат за пандемијата на Ковид-19 ризикуваат да бидат уапсени, велат новинарите со седиште во главниот град Ашгабат, кои известуваат за Радио Азатлик, разгранок на Радио слободна Европа на туркменски јазик.

„Туркменските власти ѝ останаа доследни на својата репутација со усвојувањето на овој екстремен метод за искоренување на сите информации за коронавирусот“, рече Џин Кавелие, шефица на бирото за РСФ за Источна Европа и Централна Азија.

„Ова негирање на информациите не само што ги загрозува најранливите туркменски граѓани, туку и го засилува авторитаризмот наметнат од претседателот Гурбангули Бердимукмамедов. Ја повикуваме меѓународната заедница да реагира и да го повика на одговорност за негово систематско прекршување на човековите права“.

Туркменските граѓани имаат пристап до многу еднострани информации за епидемијата на коронавирусот, додека, според надлежните, во Туркменистан досега не е откриен ниту еден случај. Претседателот, познат и како „Татко заштитник“, на 13 март нареди на јавните места да биде насадена традиционалната билка див седеф како „заштитна мерка“.

Новинарите меѓудругото известуваат и дека од затворањето на амбасадата на Туркемнистан во Москва на 17 март, многу државјани на оваа земја чекаат залудно на московскиот аеродром Домодедово, бидејќи немаат каде на друго место да престојуваат.

Последното рангирање на Индексот за слобода на печатот во светот на РСФ 2019, покажува дека Туркменистан е една од најзатворените земји во светот. Владата ги контролира сите домашни медиуми и продолжува да го засилува прогонот врз оние што тајно известуваат за медиумите во егзил. Малкуте корисници на интернет можат да пристапат до цензурирана верзија на интернет, обично во кафулиња, каде што прво мора да дадат идентификациски документ.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.