Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг формираше експертска работна група која има задача да даде предлози за тоа како треба да функционира Алијасната во иднина. Оваа одлука на генералниот секретар уследи по контроверзната изјава на францускиот претседател Макрон дадена минатата година во која рече дека НАТО е во “кома” . Оваа изјава на Макрон предизвика бурни реакции меѓу лидерите на земјите членки на НАТО.
Во соопштението од канцеларијата за информирање на НАТО соопштија дека групата „ќе понуди препораки за зајакнување на единството на Алијансата, интензивирање на политичките консултации, координација меѓу сојузниците и зајакнување на политичката улога на НАТО“.
Со Групата составена од десет експерти од кои петмина мажи и пет жени ќе копретседаваат Томас де Мезиер, член на Бундестагот и поранешен германски министер за одбрана, долгогодишен сојузник на канцеларката Ангела Меркел и Вес Мичел, поранешен помошник државен секретар за европски прашања во администрацијата на претседателот Трамп .
Шефовите на држави и влади на земјите членки на НАТО се согласија, на самитот одржан во Лондон во декември, дека Столтенберг треба да иницира процес на размилсување за да се најде одговор за тоа како да се надминат состојбите кои предизвикаа котроверзи и раскол во Алијанста како што беше случајот есенва со изјавата на Маркон која уследи по унилатералните одлуки на САД и Турција за нивно воено ангажирање во Турција.
Столтенберг повика експерти на помош да помогнат во дефинирањето на иднината на НАТО
0Published: Tuesday, March 31, 2020 22:24




