Некои држави во западна Европа конечно ја научија лекцијата од Азија и ги зголемуваат капацитетите за тестирање на коронавирус во битката против епидемијата со цел што поскоро да и се стави крај на изолацијата и да се овоможи рестартирање на економијата.
Државите кои практикуваат масовно тесирање се на пат да ја победат епидемијата и имаат ниска стапка на смртност, пишува Вол стрит журнал.
Германија тестираше скоро 1 милион луѓе а експертската група во оваа држава препорачува да се тестираат 200.000 луѓе на ден.
Исланд е светски лидер во тестирање. Оваа земја тестирала 5% од својата популација и открила дека над 50% од заразените не покажале никакви симптоми што значи дека тие доколку не биле тестирани би се движеле слободно и би ја пренесувале инфекцијата на други луѓе.
Норвешка може да се пофали со највисок процент на тестирање на коронавирус по глава на жител во континентална Европа: 94.000 луѓе, или 1,8% од нејзината популација.
Кина успеа делумно да ги симне ригидните рестриктивни мерки со масовно тестирање и изолирање на позитивни случаи, пишува Вол стрит журнал.




