Владата на Велика Британија ја обвини Русија дека шири дезинформации откако медиумите во земјата објавија дека премиерот Борис Џонсон е приклучен на респиратор за коронавирус.
Џонсон бил примен во болницата вчера, откако имал постојани симптоми на коронавирус.
Неговиот портпарол денеска изјави дека премиерот бил примен во болницата Свети Томас, откако не му се намалувала температурата и кашлицата десет дена по првиот тест за коронавирус.
Сепак, тој ги опиша извештаите на руските медиуми за приклучувањето на респиратор како чиста дезинформација.
„Специјалните единици во нашата Влада забележаа зголемување на лажните извештаи по ерупцијата на коранавирусот. Клучно е што побрзо да негираме“.
Даунинг стрит одби да потврди дали Џонсон има пневмонија, но инсистираа на тоа дека имал добра ноќ и бил во добро расположение.
„Премиерот беше примен во болницата за да биде тестиран за претпазливост“, рече портпаролот.
Џонсон, исто така се обрати преку твитер. Ги повтори информациите од Даунинг стрит, заблагодарувајќи им се притоа и на лекарите.




