Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, предложи забрана за масовни собири за време на светиот муслимански пост, месец Рамазан, поради пандемијата на коронавирус.
Тој во телевизиско обраќање рече дека светиот месец на молитва ќе биде нарушен од вирусот.
„Ќе бидеме лишени од јавни собири во текот на месецот Рамазан. Молењето пред Бога или слушањето говор е навистина вредно. Во отсуство на ова, не заборавајте да се молите во својата осаменост“, рече тој.
Рамазан е предвидено да започне кон крајот на април и ќе трае во поголемиот дел од мај.
Иранските официјални лица сè уште не разговарале за плановите за светиот месец, во кој верниците постат од зори до зајдисонце.
Сепак, иранските џамии беа затворени и молитвите беа откажани низ целата земја во петокот од страв од ширење на вирусот.
Хамнеи ги повика шиитските верници да се молат во нивните домови. Обично се молат заедно, особено за време на Рамазан, каде ги споделуваат своите оброци и се збогуваат секоја вечер.
Иран пријави повеќе од 67,000 заразени со новиот вирус, со скоро 4.000 смртни случаи. Сепак, експертите ги доведуваа во прашање тие бројки, сметајќи дека Иран првично ги намалувал размерите на епидемијата, во февруари, кога се прослави 41-годишнината од Исламската револуција и се одржаа многу важни парламентарни избори.
Бројот на новозаразени во Иран според официјалната статистика е во пад веќе десетти ден, изјави портпаролот на иранското Министерство за здравство, Кијанос Џаханпор.
Во последните 24 часа во Иран имало 1 634 нови случаи на заразени со коронавирусот, со што вкупниот број досега е 66 220 лица, рече Џаханпор. Тој додаде дека во истиот период 117 лица починале и оти вкупниот број на смртни случаи од оваа болест во Иран досега е 4 110 луѓе. Бројот на излекувани пациенти изнесува 32 309. Трендот на намалување на новозаразени во Иран почна пред десетина дена, откако достигна врв од 3 186 потврдени нови случаи на 30 март.
Иранскиот претседател Хасан Рохани, нареди економијата на земјата да започне полека да се покренува од сабота, предизвикувајќи загриженост дека земјата може да биде фатена од друг бран на зараза.
Економијата на Исламската Република страда под силни санкции на САД, откако САД ја напуштија нуклеарната програма на Техеран за 2018 година.




