Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коронавирусот десетпати посмртоносен од пандемијата на грип во 2009 год.

0
By Нова ТВ on April 13, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 13, 2020 20:36

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.903.616 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 118.374, а оздравеле 439.072 лица.

Шефот на СЗО Тесдрос Адхан Габрејсус соопшти дека коронавирусот е десетпати посмртоносен од пандемијата на грип во 2009 година. Тој објави и шест критериуми доколку државите одлучат да укинат мерки:

Прво, тој пренос на вирусот се контролира;

Второ, да постојат капацитети на здравствениот систем да открие, испитува, изолира и третира секој случај и да го следи секој контакт;

Трето, ризикот од избивање да се сведе на минимум во посебни услови како што се здравствени установи и домови за стари лица;

Четврто, да бидат на сила превентивните мерки на работни места, училишта и други места каде што е најважно луѓето да одат;

Петто, со увозните ризици може да се управува;

И шесто – заедниците да се целосно информирани, ангажирани и овластени да се прилагодат на „новата норма“.

Турција во следниот викенд повторно воведува полициски час. Во минатиот викенд полициски час беше воведен во 31 провинција во државата. Досега се потврдени 61.049 заразени, а починаа 1.296 лица. Во изминатите 24 часа починаа 98 луѓе. Излекувани се 3.957 лица.

Во американската сојузна држава Њујорк во изминатите 24 часа починаа 671 човек. Тоа е најмал број починати за еден ден во изминатите седум денови. Вкупниот број на починати е 10.056. Бројот на заразени се зголеми на 195.031.

Во изминатите 24 часа од коронавирусот во Италија починаа 566 лица, што претставува зголемување од вчера кога починаа 431 лице. Но, бројот на новозаразени лица се намали на 3.153 во изминатите 24 часа. Во Италија има 159.516 случаи на заразени со новиот коронавирус, а починаа 20.465 лица.

Во Бугарија, потврдени се уште девет случаи на заразени со новиот коронавирус во изминатите 24 часа, со што вкупниот број заразени изнесува 685. Денеска почина уште едно лице почина и вкупниот број на смртни случаи е 32.  Хоспитализирани се 230 пациенти, од кои 36 на интензивна нега.

Словенија – Околу 10.000 работници во словенечки компании од утр епочнуваат со работа по повеќенеделна забрана поради епидемијата. Почнуваат со работа во Горење Хисенсе, производител на бела техника и Адриа Мобил, производител на камп приколки и куќи за одмор. Може да работат и автомеханичари, вулканизери,градилишта, продавници за градежен материјал и бела техника.

БиХ – По 46 тестирани примероци на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево,  денеска беа потврдени 10 позитивни резултати за новиот коронавирус. Едно лице од Сараево, едно од Жепча и осум од Зеница се позитивни. Вкупниот број заразени лица во БиХ се зголеми на 1.037. Од нив, 39 починаа, а 206 се опоравени.

Германија – Што побрзо да се отворат училиштата и да се заживее економијата, советува германската Национална академија на науките канцеларката Ангела Меркел. Академиците препорачуваат продолжување на работа од дома, а се противат на издавање „корона-обврзници“ како финансиска помош за државите од ЕУ погодени од епидемијат ана Ковид-19. Тие советуваат владата да го нормализира животот што се дозволи по намален број на новозаразени и ако здравствениот систем има капацитет да се грижи за нив, но и за останатите пациенти.

– Белорусија – Никој нема да умре од коронавирусот рече денеска претседателот на таа земја, Александар Лукашенко, додавајќи дека нема потреба да се воведат построги мерки во Белорусија, како и во повеќето земји во светот, за да се спречи ширењето. Во Белорусија, според Министерството за здравство, 2.919 луѓе се заразени со вирусот, а 29 починале.  Сепак, Лукашенко тврди дека смртните случаи се резултат на други болести на тие пациенти, како што се срцеви заболувања и дијабетес.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.