НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Љубовната афера Оланд ќе ја објасни на 11 февруари пред патување кај Обама

0
By Нова ТВ on January 14, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

“Секој, во својот приватен живот, може да мине низ тешкотии. Тоа е нашиот случај сега”, вака одговори францускиот претседател на новинарското прашање дали Валери Триервајлер е се уште прва дама на Франција. Франсоа Оланд побара разбирање за приватната ситуација во која тој се наоѓа откако пред една недела беше откриена неговата тајна врска со актерката Жули Гаје.

Ова се случи попладнево на годишната традиционална прес конференција на францускиот претседател на која тој долго се осврна на економската ситуација на неговата земја. Но, неговата љубовна афера со атерката не можеше да остане незабележана. На оваа тема Оланд доби само две прашања, прво од новинарот на “Фигаро” кој побара објаснување за љубовната афера.

“Го разбирам вашето прашање. Секој, во својот приватен живот, може да мине низ тешкотии. Тоа е нашиот случај сега. Имам еден принцип а тоа е дека приватните работи се решаваат приватно. Ова не е ни момент ни место за тоа. Нема да одговорам на ниту едно прашање на таа тема. Тоа ќе го сторам кога на закажан термин. А тој термин е состанокот со Барак Обама на 11 февруари во САД”, одговори Оланд.

Според набљудувачите Оланд го чека излегувањето на Триервајлер од болница, каде што тоа останува на неколку дена по шокот што и го предизвика љубовниот скандал. Потоа се очекува дека тие двајцата заедно ќе ја соопштат одлуката за тоа дали ќе продолжат да живеат заедно или новната врска ќе заврши. Од извори блиски на првата дама дознаваме дека таа веќе решила дека ќе му го прости на Оланд неверството. Останува да се види која ќе биде неговата одлука.

Второто прашање на оваа тема сепак дојде и се однесуваше на можната тужба против весникот кој ја објави информацијата. “Мојата индигнација е целосна. Затоа што тоа е нарушување на една фундаментална слобода која може да биде од голема важност за секој од нас. Мораме да го имаме овој принцип за почитување на приватниот живот и личниот дигнитет”, рече Оланд.

Љубовната афера имаше и свои политички и безбедносни елементи. Два француски медиуми објавија информација дека претседателот со својата љубовница се среќавал во стан кој има врска со корзиканската мафија. Освен тоа тој на состаноците одел на скутер па новинарите прашуваа дали безбедноста на претседателот била доведена во прашање.

“Во секој момент и насекаде мојата безбедност е беспрекорна и ефикасна, јавно или приватно. Никој не смее да биде загрижен на таа тема”, вели Оланд.

Најголемиот дел од конференцијата беше посветен на економијата. Оланд смета дека неговата земја мора да продолжи да биде влијателна во светот. Тој најави мерки за намалување на даноците за претпријатијата за да можат тие да произведуваат и да вработуваат. Својот план тој го нарече “пакт за одговорност”.

Европа исто така беше дел од неговиот говор. Оланд предложи повеќе инцијативи за економска и социјална конвергенција помеѓу Франција и Германија, фонд за минимална плата на европско ниво и хармонизација на даночните политики. Тој се заложи и за креирање на голема енергетска франко-германска фирма за енергија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.