Промоција на хоророт Devil’s Due кој премиерно ќе биде прикажан на 17.јануари – има мошне интересна идеја за тоа како да се промовира. Дејството на филмот е поставено околу брачна двојка која очекува принова.
Филмот е режиран од Мет Бетинели-Олпин и Тајлер Жиле, а во главните улоги ги толкуваат Алисон Милер, Зек Гилфорд и Сем Андерсон.
Во однос на рецензијата, на својот Твитер профил, режисерот Ели Рот пишува: „Немојте пред време да му судите на филмот. Филмот е многу паметен, креативен, инвентивен и забавен. Многу многу страшен…го обожавам“.