Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американски дипломати предупредиле за несоодветна безбедност во лабораторијата во Вухан

0
By Нова ТВ on April 16, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 16, 2020 20:11

Две години пред да експлодира пандемијата на коронавирус американски дипломати неколку пати го посетуваат кинескиот истражувачки центар во градот Вухан и испраќаат две официјални предупредувања назад во Вашингтон за несоодветна безбедност во лабораторијата, која спроведува ризични студии за коронавируси од лилјаци. Тоа поттикна дискусии за тоа дали оваа или друга лабораторија на Вухан е изворот на вирусот – и покрај тоа што допрва треба да се најде убедлив доказ, објавува „Вашингтон пост“.

Во јануари 2018 американската амбасада во Кина презема невообичаениот чекор на повеќекратно испраќање на американски дипломати задолжени за наука во Институтот за вирологија во Вухан, кој во 2015 стана првата кинеска лабораторија што го достигна највисокото меѓународно ниво на безбедност во биоистражување, познато како БСЛ-4. Лабораторијата објави и соопштение во медиумите за последната од овие посети од американските делегации на 27 март 2018. Во март годинава ова соопштение го снема од сајтот на лабораторијата.

„За време на разговорите со научниците од лабораторијата во Вухан, тие забележаа дека лабораторијата има сериозен недостаток на соодветно обучени техничари и истражувачи неопходни за безбедно функционирање на оваа лабораторија,“ се наведува во документот испратен на 19 јануари 2018.

Кинеските научници и до тогаш добивале поддршка од неколку американски научни организации, меѓутоа тие побарале дополнителна помош, а ставот на амбасадата бил дека САД треба да и ја обезбеди оваа помош на лабораторијата во Вухан, главно затоа што коронавирусите од лилјаци се важни но исто така и опасни.

Американците се среќаваат и со Ши Женгли, еден од главните научници во институцијата, кој со години објавува студии за коронавирусите. Во ноември 2017 тој објавува и истражување според кое лилјаците што ги имаат уловено во пештера во провинцијата Јунан доаѓаат од истата популација на лилјаци од кои потекна оригиналниот САРС вирус во 2003.

„Уште поважно истражувачите исто така покажаа дека најразлични коронавируси слични на САРС, можат да имаат интеракција со АЦЕ2, човечкиот рецептор што беше идентификуван кај САРС коронавирусот. Откритијата сериозно наведуваа дека коронавируси налик САРС можат да бидат пренесени од лилјаци на луѓе и да предизвикаат болести налик САРС,“ се наведува во документите.

Истражувањата во Вухан се спроведуваат со цел да се спречи следната САРС пандемија со тоа што ќе се предвиди како би можела таа да се појави. Меѓутоа уште во 2015 повеќе научници го критикуваат Ши дека презема непотребни ризици, а претходно во 2014, американската влада става мораториум на финансирање на сите истражувања кои би го направиле еден вирус посмртоносен и позаразен.

Како што потенцира и повторува Вашингтон пост, нема докази дека вирусот што го поремети светот е вештачки создаден, а научниците главно се согласни дека тој преминал од животни на луѓе.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.