Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДСЗИ ќе го испитува случајот со заболениот пациент во битолската болница

0
By Нова ТВ on April 16, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 16, 2020 21:30

Постојат спротивставени изјави за случајот во болницата во Битола каде пациент шест дена бил на интерното одделение иако се чекале резулати од тестот, изјави вечерва на прес конференција министерот Филипче. Тој најави дека случајот ќе го испита ДСЗИ и доколку е потребно ќе има стручен надзор.

„Имаше спротивставени изјави во болницата во Битола и затоа случајот ќе го испита ДСЗИ, ќе има стручен надзор ако е потребно. И тука и во Велес ќе важат истите правила како и во Охрид, никој нема да биде поштеден“изјави министерот Филипче.

Тестот на пациентот кој бил примен прво на одделот за психијатрија, а потоа на интерното одделение каде бил сам во соба, стигнал доцна синоќа, а бил земен пред пет дена. На него за тоа време му биле правени дополнителни испитувања, му била земена крв, ставен катетер, што предизвика голем револт кај вработените. Од денес скоро 15  лица од медицискиот персонал, вклучително и тројца лекари, се во изолација, иако директорката Билјана Гагачовска, тврди дека биле заштитени.

„Сите вработени беа со заштитна опрема. По добивање на резултатот еден лекар и 2 медицински сестри се ставени во самоизолација, на одделот за психијатрија еден лекар, 4 медицински сестри и еден болничар, на ургентен исто еден лекар и 2 медицински сестри. Вчера и така им беше последен ден на работа на оваа група, па доаѓа следната група која не беше на работа две недели, така се менуваат“, изјави Гагачовска.

Пациентот бил примен во битолската болница на 10 април со психијатриска дијагноза, а наредниот ден на 11 април му бил земен брис поради претпазливост бидејќи одел да зема терапија во дневната болница во Демир Хисар каде што имаше заболен лекар, но немал контакт со него. Дури синоќа откако пристигнал резултатот од тестот 47 годишниот пациент е сместен на Инфективното одделение.

Гагачовска тврди дека нема опасност по вработените бидејќи сите се заштитетни, имаат доволно маски и ракавици, но нагласи дека скафандери се користат само на инфективното  одделение.

Како што веќе објави НОВА, случајот ги крена на нозе граѓаните во Битола, а лекари и друг медицински персонал реагираа бурно и на социјалните мрежи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.