НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самарас: Грција излегува од кризата

0
By Светлана Јовановска on January 15, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Проширувањето не беше споменато на сесијата сабајлево во Европскиот парламент (ЕП) во Стразбург на која грчкиот премиер Антонис Самарас ја најави работата на неговата земја во наредните шест месеци кога Грција ќе ја води ЕУ.

Европските пратеници и Самарас се задржаа на економскиот раст, невработеноста, монетарната унија на ЕУ како и имиграцијата. Премиерот зборуваше за потребата од даночната дисциплина и потребата да се најдат пари за реалната економија пред се преку фондови за малите и средни бизниси.

Накусо порака на Самарас беше дека Грција го остварува ветеното. “Мојата земја страдаше повеќе од било која друга. Имавме 6 години рецесија но во ЕУ сме и еве сега ја претседаваме. Грција ќе продолжи да излегува од кризата. Нашата цел е да излеземе од кризата со раст и намалување на невработеноста. Да се фокусираме на инфраструктура, енергија, нови работни места”, рече тој додавајќи дека “мораме да учиме од нашите грешки и да избегнеме нови кризи”.

Пратениците во Европскиот парламент инсистираа на тоа дека “грчката трагедија не треба да биде запоставена од г-дин Самарас и тој треба да стори се ЕУ да се здобие со вистинската банкарска унија за да се врати довербата во банкарскиот сектор”, рече првиот човек на либералите во ЕП Ги Верхофштад кој очекува од Грција нов модел на економско владеење.

Според претседателот на европските социјал-демократи, времето на сомнеж е завршено и постои доверба дека Грција успешно ќе ги извршува своите задачи како социјалната правда и солидарноста.

Имиграцијата и границите се уште еден грчки приоритет. Самарас рече дека задачата на неговата земја е да го решава овој проблем но додаде дека Европа треба да помогне за да се реши коренот на овој проблем, шверцот, мафијата…

Самарас исто така најави дека тој не очекува нови предвремени избори во Грција. “Најголемиот број од Грците не сакаат предвремени избори. Верувам дека и пратениците исто така не сакаат. Владата ќе направи се изборите да бидат во 2016 година”, рече Самарас. Тој исто така сака претседателските избори во 2015 година да донесат претседател кој ќе биде надпартиски. “Грција треба да стане нормална земја со избори секои 4 години. Излегуваме од кризата и ќе сторам се за тоа”, вети тој.

Пратениците имаа и деликатни прашања, како на пример огромната сума од 4,5 проценти од својот бруто производ, која Грција ја троши за одбраната во моментот кога е во криза и нема доволно пари за други области како на пример здравството. Одговорот на Самарас беше дека неговата земја не смее да се споредува со други земји кои имаат поинаква географска ситуација. “Нашата географска ситуација не ја споредувајте со други земји”, рече тој без да прецизира кои се заканите кои се надвиснати над неговата земја.

Единствената кандидатска земја која беше спомената е Турција. Самарас кусо рече дека Грција одблиску ги следи настаните во Турција. Според него и оваа и сите грчки влади одржуваат билатерални односи на соработка во неутрални области како туризмот и соработуваат во борбата против тероризмот и нелегалната имиграцијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.