Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Томе Аџиев повторно предложен за претседател на Лустрациска

0
By Влатко Чаловски on January 15, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 15, 2014 15:45

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница го предложи за претседател досегашниот прв човек на Комисијата за верификација на факти, Томе Аџиев.

Јанаќи Витановски, поранешен член на комисијата по предлог на СДСМ, вчера ја повлекол својата кандидатура за претседател.

За заменик е предложен Асан Лума, стоматолог од Тетово, а за членови досегашниот портпарол Предраг Дамјановски, Јовица Велјановски, Ѓорѓи Малковски, Пецко Здравевски, Шпенди Винца, Даут Даути, правничката Цветанка Соколова-Младенова, Ристана Лалчевска поранешен пратеник од Либерална Партија, Марија Милошевска.

Ова значи дека Комисијата ќе има само три нови членови, останатите се од стариот состав. Меѓу новите предлози за членови на Комисијата го нема Чедомир Дамјановски.

На овие предлози прв за збор се јави Горан Сугаревски од СДСМ, кој рече дека со предлогот Аџиев повторно да биде избран за претседател на Комисијата продолжува борбата со неистомислениците.

Според него со Законот за лустрација власта води политика на линч и инквизиција иако во неколку наврати ЕК потенцираше дека овој процес лошо се спроведува. Сугаревски побара да се образложи зошто наместо ротирачки мандат на шест месеци како што стои според законот, Аџиев имал мандат од речиси три години.

„Вашето неучество и негласањето на предлогот утврден на Комисијата пред две години со самото тоа вие му го продолживте мандатот на Аџиев“, му возврати претседателот на Комисија за прашања на изборите и именувањата, Илија Димовски.

Спореднего во извештаите на ЕК била потенцирана потребата за лустрација од „потврд карактер“.

Изборот на членови на Комисијата за верификација на факти се врши во Собранието на Република Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.