НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Томе Аџиев помина на Комисија за претседател на Лустрациска

0
By Влатко Чаловски on January 15, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Со осум гласа „за“ три „против“ и еден воздржан членовите на Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ги изгласа старо – новите членови на Комисијата за верификација на факти.

Томе Аџиев останува претседател на Комисијата, откако синоќа Јанаќи Витановски, поранешен член на комисијата по предлог на СДСМ, ја повлекол својата кандидатура.

Заменик-претседател е Асан Лума, стоматолог од Тетово, а за членови се избрани досегашниот портпарол Предраг Дамјановски, Јовица Велјановски, Ѓорѓи Малковски, Пецко Здравевски, Шпенди Винца, Даут Даути, правничката Цветанка Соколова-Младенова, Ристана Лалчевска поранешен пратеник од Либерална Партија и Марија Милошевска.

Ова значи дека Комисијата има само три нови членови, останатите се од стариот состав. Меѓу новите предлози за членови на Комисијата го нема Чедомир Дамјановски.

На гласањето претходеше расправа на која прв за збор се јави Горан Сугаревски од СДСМ, кој рече дека со предлогот Аџиев повторно да биде избран за претседател на Комисијата продолжува борбата со неистомислениците.

Според него со Законот за лустрација власта води политика на линч и инквизиција иако во неколку наврати ЕК потенцираше дека овој процес лошо се спроведува. Сугаревски побара да се образложи зошто наместо ротирачки мандат на шест месеци како што стои според законот, Аџиев имал мандат од речиси три години.

„Вашето неучество и негласањето на предлогот утврден на Комисијата пред две години – со самото тоа вие му го продолживте мандатот на Аџиев“, му возврати претседателот на Комисија за прашања на изборите и именувањата, Илија Димовски, образложувајќи дека наместо да помогне, бидејќи сметаат дека работењето на Лустрациска е неисправно, СДСМ оваа тема ја користат за политички пресметки во Собрание.

Според него во извештаите на ЕК била потенцирана потребата за лустрација од „потврд карактер“.

Во дискусијата се надоврза и пратеникот Горан Мисовски, кој исто така бурно реагираше на предлозите за претседател, заменик-претседател и членството во Лустрациска, и побара од претседателот на Комисијата, Илија Димовски да одговори какви закони спровел Аџиев досега, и рече дека ВМРО-ДПМНЕ со лустрацијата директно осакатиле десетици и десетици семејства.

Обраќајки се кон Димовски тој директно го запраша за употребата на терминот „кодош“, и побара од него да образложи, повикувајќи се на законот за определување услов за ограничување за вршење јавна функција, пристап до документи и објавување на соработка со органите на државната безбедност, на која функција сега нема да можат да имат пристап академик Томе Серафимовски, Божин Павловски, и починатиот Славко Јаневски.

Во изминатите пет години Комисијата за верификација на фактите прогласи 124 лица за наредбодавачи и соработници или соработници со поранешните тајни служби. Од нив 106 се поранешни извршители на јавни функции, 11 биле актуелни и седуммина биле кандидати за извршување јавни функции. Триесет и три починати лица се прогласени за кодоши.

Изборот на членови на Комисијата за верификација на факти се врши во Собранието на Република Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.