Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светот се прашува што е со Ким Џонг Ун – нема информации по операцијата

0
By Нова ТВ on April 21, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 21, 2020 19:04

Официјални претставници на Јужна Кореја и Кина изнесоа денеска сомнежи дека лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун е болен, откако медиумите јавија дека тој имал кардиоваскуларна операција и е во сериозна состојба, при што американски официјални лица истакнаа дека внимателно ја следат ситуацијата, пренесува Ројтерс.

Дејли НК, портал со седиште во Сеул, објави изјава во понеделникот вечерта од неименуван извор од Северна Кореја дека Ким се опоравува од операцијата направена на 12 април.

Јужнокорејските медиуми доцна синоќа објавија дека Ким Џонг Ун е на лечење по процедура покрај шпекулациите за неговата медицинска состојба, откако на 15 април не присуствуваше на церемонијата по повод роденденот на основачот на Северна Кореја и негов дедо, Ким Ил Сунг.

Се верува дека Ким има 36 години.

САД не знаат во каква состојба е лидерот на Северна Кореја и ќе треба да почекаат да видат како се одвива ситуацијата, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Роберт О’Брајан. Запрашан за тоа како би функционирало политичкото наследство во Северна Кореја, О’Брајан рече дека основната претпоставка е дека некој од семејството на Ким би ги преземал своите должности.

„Сепак, рано е да се зборува за тоа бидејќи сè уште не знаеме во каква состојба се наоѓа Ким и ќе мора да го почекаме исходот“, истакна О’Брајан.

Северна Кореја никогаш досега не објавила кој би можел да го замени лидерот Ким Џонг-ун во случај тој да не е во можност да ја врши функцијата.

Нема ниту информации за неговите деца, а аналитичарите сметаат дека неговата помлада сестра и луѓето кои му се лојални би можеле да изберат „регент“ сè додека наследникот не биде доволно возрасен за да ја преземе должноста.

Јужна Кореја и кинеските власти изразија сомневање дека Ким е тешко болен по операцијата на срцето, но медиумите поставуваат прашање кој би можел да го замени 36-годишниот Ким, ако тој сериозно се разболи или почине, пренесува „Ројтерс“.

Ким дојде на власт во 2011 година, по смртта на неговиот татко, кој почина од инфаркт, а се шпекулира дека неговата помлада сестра Ким Џо Џонг (31), која изминатите две години најмногу го придружуваше на патувањата и собирите, е можен негов наследник.

„Ким Џо Џонг засега ќе биде главна сила со контрола на организациите и одделенијата за водење, правосудство и јавна безбедност“, изјави Чо Хан-Бум од корејскиот инситут за национална унификација.

Меѓу другите имиња кои се најдоа на листата се и тетката на Ким, Ким Кјонг Хуи, која во јавноста не се појавила откако Ким нареди убиство на нејзиниот сопруг.

И од Кремељ порачаа дека ќе почекаат официјални информации за неговата здравствена состојба.

„Ги проследивме информациите во медиумите. Не знаеме во која мера се веродостојни. Чекаме официјални информации за неговата здравствена состојба“, изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремељ.

Во руската Дума сметаат дека непојавувањето на Ким на прославата може да се објасни и дека тоа е поради превентивни мерки со цел негова заштита од корона вирусот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.