Д-р Јелена Божиловиќ Ѓуровиќ од Институтот за медицинска хемија при Универзитетот Гете во Германија во интервју за телевизијата Н1 изјави дека за „неколку месеци постоење на вирусот е многу краток период за да науката даде конкретни резултати“.
„Првите резултати се тука, се прават понатамошни тестирања – колку се задржува на цврсти површини, во тој дел ги имаме и првите резултати, кои не се официјално публикувани, но се прават на медицинската хемија во Бон, каде велат дека на цврстите површини вирусот многу кратко се задржува и дека веројатноста за ваков пренос е мала, што е добра вест“, вели таа.
Според неа, дури и да постоел вирусот во траги, не бил активен.
„Кога купувате, ако некој допре одреден предмет и е заразен, шансата вие да го допрете и да го пренесете е минимална. Ова е можно ако некој во тој момент се искашлал па вие брзо го допрете предметот и веднаш ја пренесете инфекцијата на една од слузокожите – нос, уста или очи“, објасни таа.
На прашањето како научниците во Германија го третираат вирусот, таа вели дека не може да се разгледува локално бидејќи науката генерално работи на глобално ниво.
„Постои добра база на податоци за да се работи, голем број истражувачки групи се вклучија многу брзо, сите проекти беа одобрени и започнаа со работа. За да се дојде до сознанија, потребни се мултидисциплинарни тимови, луѓето работат многу напорно на тоа“, вели таа.
Зборувајќи за третман нсо крвна плазма, вели дека ќе влезе во поширока употреба, но дека тоа не е нов метод.
„Познато е од крајот на 19 век. Се проценува дека придобивките би можеле да бидат поголеми од можните компликации, а какви ќе бидат резултатите, ќе мора да почекаме да видиме“, вели тој.




