Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Велика Британија води тешка битка, в четврток почнува првото тестирање на вакцина

0
By Нова ТВ on April 21, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 21, 2020 21:08

Според најновите податоци, во светот со коронавирус досега се заразени 2.530.919 лица. Од нив починале 175.370 , а оздравеле 669.433 луѓе.

– Британските пратеници денеска се согласија за работа на парламентот во хибриден формат, додека трае карантинот, воведен поради пандемијата на коронавирусот. Само дел од пратениците ќе учествуваат физички на парламентарните седници, а повеќе од сто од нив ќе учествуваат од далечина.

Според британската Влада, денеска од Ковид-19 починале 823 луѓе, за разлика од вчера кога оваа бројка изнесуваше 449. Некои медиуми коментираат дека тоа што вчера биле пријавени помалку смртни случаи, се должи на доцнење во известувањето за жртви.

Во Велика Британија досега починале вкупно 17.337 луѓе. Ова значи дека земјата е четврта по бројот на жртви меѓу европските земји, зад Италија, Шпанија и Франција, со повеќе од 20.000 жртви. Најмногу жртви во светот има САД над 43.000. Исто така, Велика Британија има трета најголема стапка на смртност на светот од 13,1 отсто, а поголема стапка на смртност од неа имаат само Италија и Белгија. Сепак, според изјави на експерти, постојат знаци дека врвот на пандемијата во земјата поминал, а специјална комисија соопшти дека врвот веројатно бил на 8 април.

Министерот за здравство, Мет Хенкок, истакна дека функционира планот за забавување на ширењето на вирусот, но дека сè уште треба одредено време за да се видат вистинските резултати. Покрај тоа, тој најави дека в четврток почнува првото тестирање на луѓе на можната вакцина против коронавирусот.

„Даваме сè од себе за да создадеме вакцина. Велика Британија инвестира повеќе пари од која било друга земја за да пронајде вакцина“, забележува Хенкок.

Владата ќе инвестира 20 милиони фунти за клинички испитувања на „Оксфорд“, а тестирањето ќе почне на Универзитетот „Империјал колеџ“ во Лондон.

– Властите во Сингапур одлучија да ги продолжат мерките за делумна изолација за уште четири недели, откако во овој град-држава во изминатите денови се регистрирани илјадници нови случаи на коронавирусот. Вкупниот број на заразени изнесува 9.125, што е повеќе од која било друга земја во југоисточна Азија.

– Бројот на потврдени случаи на коронавирусот во Турција се зголеми за 4.611, и сега се заразени вкупно 95.591 лица. Вкупниот број на починати е поголем за 119 и сега изнесува 2.259. Во Турција од коронавирусот закрепнале 14.918 лица.

– Ирската Влада планира да забрани масовни собири до август.

– Националниот координативен штаб на Црна Гора даде согласност да се олеснат одредени времени мерки против ширењето на коронавирусот и граѓаните ќе можат да излегуваат до 23 часот, а продавниците ќе работат подолго.

– Данска, која постепено го укинува ограничувањата воведени поради Ковид-19, нема да дозволи никакви собирања над 500 лица до 1 септември.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.