Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 2.695.418 лица. Од нив починати се 188.804, а оздравеле 739.871 луѓе
– Бројот на починати од коронавирус во Италија денеска се зголеми за 464, што е благ пораст во однос на вчера кога беа регистрирани 437 смртни случаи. Во исто време бројот на новозаболени се спушти на 2.646 од вчерашната бројка од 3.370. Вкупниот број смртни случаи од избувнувањето на епидемијата на 21 февруари изнесува 25.549, што е втора бројка во светски рамки, веднаш по САД. Бројот на заразени во земјата изнесува 189.973, што е трет најголем број на заразени по САД и Шпанија.
– Здравствените власти на Шведска објавија дека починале уште 84 лица заразени со новиот коронавирус, со што бројот на починати во земјата го надмина прагот од 2.000. Кралството со популација од 10,3 милиони презеде поблаги мерки за заштита во споредба со повеќето европски земји. Земјата досега има регистрирано 16.755 заболени и 2.021 смртен случај, што е значително повисока стапка на смртност отколку во соседните нордиски земји.
– Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека е потребна фундаментална реформа на СЗО по раководењето со пандемијата на коронавирусот и оти САД, кои се најголем донатор на СЗО, можеби никогаш нема да го обноват финансирањето на тоа тело на ОН.
– Во Турција бројот на починати се зголеми за 115 на вкупно 2.491, соопшти турското Министерство за здравство. Вкупно се заразени 107.790, што е најголем број во земјите вон Европа и САД. Излекувани се 18.491 лица.
– Воздушниот сообраќај во Европа е едвај 10 проценти во споредба со истиот период минатата година, соопшти Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт.
– Франција го прошири списокот на лекови кои се забранети за извоз од земјата, вклучително и десетина кои се употребуваат во лекувањето на Ковид-19, и покрај повеќе повици од ЕУ да ги укине ограничувањата кои можат да доведат до дефицит во други земји.
– Најстариот брат на американската сенаторка Елизабет В орен, Доналд Рид Херинг починал од Ковид-19.
– Трет ден по ред се намалува бројот на новозаразени во Русија. Вкупниот број на заразени надмина 62.000.




