Роџер Лојд Пак, британскиот актер познат на милиони како Тригер од Само будалите и коњите (Only Fools and Horses), славната Би- Би-Си-комедија, почина на возраст од 69.
Добро познат по својата покерашка фаца тој, исто така, го глумеше Овен Њуит во Викарот на Дибли.
Роден е во Ислингтон, северен Лондон во 1944 година, тој беше син на хорор актерот Чарлс Лојд Пак и татко на актерката Емили Лојд.
Неговиот агент потврди дека починал од рак на панкреасот во средата вечерта.
Разноврсниот карактерен актер беше познат и во комедија и драма. Лојд Пак студирал на Кралската академија за драмски уметности (Рада) пред да дебитира во Нортхемптон.
По настапот во Одмаздници и други телевизиски емисии, своето деби на ТВ екранот дојде во 1968 година кога тој играше мала улога во Магус.