Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ремдесивир против ковид-19: Зрак на надеж?

0
By Нова ТВ on April 24, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 24, 2020 16:52

Насекаде во светот се бара лек за Ковид-19. Калифорнискиот фармацевтски концерн Гилеад јавува за првични успеси со ремдесивир. Но, компанијата во минатото беше и предмет на критика,меѓу другото поради лек за ХИВ за деца, пренесува Дојче Веле.

Со името Гилеад некои поврзуваат библиски град, други го знаат од дистопискиот роман на Маргарет Атвуд “Приказната на робинката” во кој САД се прекрстуваат во воената диктатура Гилеад. Веќе неколку недели Гилеад се поврзува и со компанија во која многумина полагаат надежи во борбата со новиот корона вирус.

Калифорниската компанија лекот ремдесивир го тестира кај пациенти кои се заболени од Ковид-19 на пример на универзитетот Вирџинија Комонвелт во Ричмонд. Шефот на клиничката студија, Арун Санјал, за новинската агенција АП вели дека владее толку страв од болеста што пациентите се многу заинтересирани да го тестираат лекот. „Станува за антивирусен лек кој беше развиен за да го сопре размножувањето на вирусот. Кога тој не се размножува може да почне нормалниот процес на заздравување на телото.”, вели Санјал.

Ремдесивир се тестира не само во САД, туку и на пациенти на клиники во Германија, односно во Минхен, Диселдорф и Хамбург. Според компанијата експерименти со мајмуни покажале првичен успех во третманот – веќе по 12 часа мајмуните покажале знаци на добро опоравување. Ремдесивир не е нов лек – тој е развиен во рамки на борбата против ебола, но таму не се покажал како ефективен. Сега можеби ќе биде пресуден чекор во борбата против Ковид – 19. Во едно отворено писмо, шефот на фармацевтскиот концернт, Даниел О’Деј пишува дека е голем оптимист од она што го покажуваат досегашните резултати.

Резултатите кои ги опфаќаат првите 53 пациенти покажуваат дека поголемиот дел од нив имаат подобрена клиничка слика по земање на ремдесивир. (…) Овие првични податоци од 53 пациенти не се дел од клиничка студија и покриваат само еден мал дел од критичните болни пациенти кои се третирани со ремдесивир. (…) Претпоставуваме дека до крајот од април ќе имаме податоци од студијата за ремдесивир спроведена на тешко заболени пациенти, и дека ќе работиме брзо да ги анализираме и споделиме резултатите.

Гилед и магичен лек? Вредноста на акциите веќе се зголеми по позитивните вести. Но, препорачана е претпазливост затоа што има критики за фармацевтскиот концерн. Како што известуваат  германските телевизии НДР, ВДР заедно со весникот „Зидојче цајтунг“, има судски досиеја кои покажуваат дека поранешен менаџер на Гилеад ја обвинува компанијата дека ставала нечисти супстанци во тестови за лекови за ХИВ вакцина за деца. Често во медикаментот имало кафеави или црни дамки – но и покрај тоа морало да продолжи да се користи. Според информациите на НДР, ВДР и „Зидојче цајтунг“, Гилеад активната состојка ја набавила од кинеска фирма која во тоа време немала одобрение за американскиот пазар. Процесот сѐ уште трае во Калифорнија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.