Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Контроверзите на процесот на лустрацијата

0
By Нова ТВ on January 16, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 16, 2014 15:44

Извесен е новиот состав на Комисијата за верификација на фактите откако вчера собраниската Комисија за именување ги изгласа старо-новите членови.

Идниот месец уставните судии ќе ја оценуваат уставноста на Законот за лустрација по претставката добиена од Хелсиншкиот комитет и Стамен Филипов. На отворената седница одржана на крајот на ноември минатата година пред Уставниот суд беа разгледани и препораките од Венецијанска комисија.

Покрај прекршување на законските норми, според експертите, целиот процес на лустрација се води спротивно на меѓународните норми со постојано кршење на основните човекови права на лустрираните, што беше констаирано и од страна на Советот на Европа. Одлуки донесени врз база на несигурни досиеја кои се базинари на архиви и сведоштва, како и јавно објавување на имињата на интернет страницата на Комисијата за верификација на фактите. Потоа Управниот суд не донесува пресуди по тужбите на лустрираните. Со месеци се чека Уставниот суд да се произнесе по оспорените законски одредби. Како и тое дека ако санкцијата за лустрираните е да не може да врши јавна функција или да се кандидира за таква, тогаш зошто беа лустрирани 33 починати лица.

Во изминатите пет години Комисијата за верификација на фактите прогласи 124 лица за наредбодавачи и соработници или соработници со поранешните тајни служби. Од нив 106 се поранешни извршители на јавни функции, 11 биле актуелни и седуммина биле кандидати за извршување јавни функции. Триесет и три починати лица се прогласени за „кодоши“.

Токму фактот што акцентот на лустрирање беше ставен не врз актуелни, туку врз поранешни функционери беше причината за давањето оставки од страна на членовите на Комисијата предложени од опозицијата, Благоја Гешоски и Јанаќе Витановски.

Обвинувањата на опозицијата дека лустрацијата се спроведува како политичка хајка, власта ги демантира со фактот дека се лустрирани мал број лица односно само 124.

Процесот на лустрација во изминатите пет години го следеа многу контроверзи, почнувајќи од мандатот на претседателот кој според Законот за лустрација е предвидено да биде ротирачки односно претседателот да се менува на секои шест месеци, преку забелешките на Европската комисија, од каде потенцираа дека процесот на лустрација лошо се спроведува, па се до потенцирарање дека се неуставни одредени одредби од Законот за лустрација нешто што беше нотирано и од Венецијанската комисија.

Забелешките на Венецијанската комисија

Венецијанската комисија изрази забелешки за јавното објавувањето на имињата на лустрираните лица, кои тоа гo дознаваат истовремено со јавноста – тоа објавување треба да биде само кога соработката на лицето е потврдена во правична постапка во кое е вклучено лицето кое се лустрира. Ако потоа Судот докаже дека лицето не соработувало, а неговото име било објавено, последиците за неговиот углед се неповратни.

Венецијанската комисијата заклучи де­ка „за лустрацијата, која се спроведува повеќе од 20 години по завршувањето на то­та­ли­тар­но­то владеење, се потребни неспорни и силни аргументи“. Опфаќањето на толку долг период, дури 60 години наназад, според Комисијата, може да се оправда со крајно тешки злосторства, кои подлежат на кривичниот закон.

Другото прашање е дали може со лустрацијата да биде опфатен период по крајот на тоталитарниот режим. Ако се прифати принципот дека и по крајот на тоталитарниот режим (по 17 ноември 1991 година) е можно да постојат практики на лустрација, според Комисијата, „треба да се докаже дека имало исклучителни настани кои ја оправдуваат неоперативноста на нормалните правни и демократски инструменти и непочитување на човековите права“. Според Комисијата, ова било забележано и од Уставниот суд на Република Македонија.

Венецијанската комисија забележува дека е нејасно објаснувањето во Законот за лустрација кој сe‘ може да биде лустриран. Така, во врска со членот на законот кој се однесува на тоа кои лица треба да бидат подложни на лус­тра­ци­ја, од три дефиниции – носител на јавна функција, вршител на јавно овластување и вршител на јавна дејност, Венецијанската комисија оценува дека првите две се јасно дефинирани, но третата – вр­ши­тел на јавна дејност е премногу општа и дава неточна претстава. Поимот јавна деј­ност не е дефиниран во Законот и е премногу широк за да биде користен како основа за поч­ну­ва­ње лустрациски процедури, смета Комисијата.

Нелегитимен претседател

Целиот лустрациски процес се води под диригентска палка на Томе Аџев, чија претседателската функција беше постојано оспорувана. И вчера опозицијата по кој знае кој пат побара одговор зошто наместо ротирачки мандат на шест месеци како што стои според законот, Аџиев имал мандат од речиси три години.

„Вашето неучество и негласањето на предлогот утврден на Комисијата пред две години – со самото тоа вие му го продолживте мандатот на Аџиев“, одговори на прашањето на Горан Сугаревски од СДСМ, претседателот на Комисија за избор и именување, Илија Димовски.

Откако Јанаќе Витановски, предлог на СДСМ, за претседателската функција во Лустраторска ја повлече својата кандидатура единствен предлог за претседател за кој ќе гласаат денеска парламентарците е Томе Аџиев.

Заменик-претседател е Асан Лума, стоматолог од Тетово, а за членови се избрани досегашниот портпарол Предраг Дамјановски, Јовица Велјановски, Ѓорѓи Малковски, Пецко Здравевски, Шпенди Винца, Даут Даути, правничката Цветанка Соколова-Младенова, Ристана Лалчевска поранешен пратеник од Либерална Партија и Марија Милошевска.

Ова значи дека Комисијата има само три нови членови, останатите се од стариот состав. Меѓу новите предлози за членови на Комисијата го нема Чедомир Дамјановски, кој не ја доби потребната поддршка, ниту пак други претставници од најголемата опозицициона партија СДСМ.

Поранешниот член на лустраторската комисија Чедо Дамјановски, кој перманентно го критикуваше начинот на носење одлуки од страна на лустраторите, вели одлуките на Комисијата не само што се незаконски туку и негативно влијаат врз идентитетот и самостојноста на македонскиот народ и држава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.