„Американска измама“ и “Гравитација“ добија најмногу номинации на денешната церемонија во Холивуд, на која беа објавени кандидатите за Оскар – по 10. „12 години роб“, пак, ќе се натпреварува во 9 категории, „Небраска“ во шест, а „Клубот на купувачи Далас“ и „Капетанот Филипс“ во четири. „Американска измама“ е во изборот за најдобар филм и најдобра машка и женска улога.
Ова се номинациите во дел од категориите:
Најдобар филм:
„Американска измама“
„Капетанот Филипс“
„Клубот на Купувачи Далас“
„Гравитација“
„Таа“
„Небраска“
„Филомена“
“12 години роб“
“Волкот од Вол Стрит“
Најдобра главна машка улога:
Кристијан Бејл – „Американска измама“
Брус Дерн – „Небраска“
Леонардо ДиКаприо – „Волкот од Вол Стрит“
Чиветел Еџиофор – „12 години роб“
Метју Меконахеј – “Клубот на Купувачи Далас“
Најдобра главна женска улога:
Ејми Адамс – „Американска измама“
Кејт Бланшет – „Тажната Џесмин“
Сандра Булок – „Гравитација“
Џуди Денч – „Филомена“
Мерил Стрип „Август – Oпштината Осиџ“