Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Њујорчани во страв што проголтале средства за дезинфекција откако Трамп ги посочи како лек

0
By Нова ТВ on April 25, 2020 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 25, 2020 20:58

Неколку часови откако американскиот претседател Доналд Трамп сугерираше на средства за дезинфекција како можен „лек“ за коронавирус, невообичаено голем број њујорчани контактирале со здравствените власти од страв што проголтале средства за дезинфекција.

Според извештајот во „Дејли њуз“, Центарот за контрола на отрови во Њујорк, кој е под-агенција на Министерството за здравство, добил 30 повици помеѓу четврток во 21 часот и петок во 15 часот.

„Да биде јасно, средства за дезинфекција не смее да се користат ниту преку уста ниту со дишење, ниту на кој било начин или форма“, напиша на Твитер комесарот за здравство во Њујорк, Бербот. „Со тоа може да се стават луѓето во опасност“, додаде тој.

Ниту еден од луѓето кои контактирале со Центарот за контрола на отрови не починал, ниту имал потреба да оди во болница, се вели во извештајот.

Повеќе од 100 повици биле упатени на линијата за вонредни состојби во државата Мериленд, по контроверзната изјава на Трамп. Официјалните лица мораше да испратат предупредување откако луѓето постојано се јавувале, прашувајќи за совети за консумирање на средства за дезинфекција како можен третман на смртоносниот вирус.

За време на прес-конференцијата во четвртокот, Трамп предложи можност за „вбризгување“ на средство за дезинфекција на лице заразено со коронавирус, како средство за спречување на болеста.

Бизарната сугестија на Трамп дојде откако тој дозна за ефектите на сончевата светлина и средства за дезинфекција на домаќинствата врз коронавирус.

Бил Брајан, кој го води одделот за наука и технологија на Министерството за внатрешна безбедност, на брифингот го презентираше истражувањето што неговиот тим го спровел, а кое покажува дека потоплата и влажна температура го слабее коронавирусот. Брајан рече: „Вирусот умира најбрзо на сончева светлина“.

Покрај тоа, истата студија откри дека варекината може да го убие вирусот во рок од пет минути, а изопропил алкохол, наводно, за уште пократко време. Трамп истакна дека ова истражување треба да се разбере со претпазливост, а потоа рече:

„Да претпоставиме дека го озрачуваме телото со  силни УВ зраци или некое друго моќно зрачење“, рече Трамп, а потоа се сврте кон д-р Дебора Биркс, координатор на Белата куќа за коронавирус и додаде: „Мислам дека рековте дека сè уште не сте го провериле, но дека ќе го тестирате ова“.

„Јас тогаш реков што може да се случи ако внесеме воздух во телото, што може да се направи преку кожата или на друг начин, така ти ми рече дека ќе го тестираш. Видов средства за дезинфекција што го уништуваат вирусот за една минута, има ли начин да се направи вакво нешто, преку инјекција? Да се ​​внесе агенсот во белите дробови некако. Тоа би било интересно да се провери “.

Потоа ја праша д-р. Биркс за тоа дали слушнала за третман на коронавирус со топлина и воздух?

„Не како третман. Мислам, температурата е добра работа, тоа му помага на телото да одговори на болеста, но сè уште не сум видела третман со топлина или зрачење”, заврши Биркс, бидејќи Трамп одговори дека навистина би било добро ако нешто се провери.

Медицинските експерти низ САД беа шокирани од предлогот на Трамп. Меѓу нив е и пулмологот д-р. Вин Гупта кој изјави за Ен-Би-Си:

„Самата идеја да се инјектира каков било производ за чистење во организмот е опасна и неодговорна. Тоа е познат метод што луѓето го користат кога сакаат да се самоубијат“, истакна тој.

Трамп ден потоа изјави дека се шегувал за инјекциите за дезинфекција

Откако го запали алармот низ целиот свет, Трамп изјави дека не мислел сериозно кога предложи да се инјектираат болните со средства за дезинфекција. Претседателот на САД изнуди серија коментари и голем број предупредувања, бидејќи ги сподели своите идеи за тоа како да се третира КОВИД-19.

Само ден подоцна тој рече дека неговите зборови биле саркастични, не сугерирајќи да се направат опасни активности по здравјето на луѓето. Иако очигледно разговараше со докторите кои беа со него на прес-конференцијата, тој сега вели дека всушност разговарал со новинарите и се шегувал.

„Јас, всушност, го поставив прашањето саркастично, до еден новинар исто како и вие. Сакав да видам што ќе се случи. Дезинфекцијата дејствува на рацете. И прашав новинар кој беше таму вчера. Претходно, моите лекари ми рекоа дека вирусот траел помеѓу 3 и 6 часа на тврди површини и умирал за помалку од една минута на сонце. И така, го поставив саркастичкото прашање пред новинарите за дезинфекција за внатрешна употреба“, рече Трамп.

Твитер нема да ја отстрани снимката со Трамп

Твитер објави дека видеата на американскиот претседател Доналд Трамп кои сугерираат дека со коронавирусот може да се бори со инјектирање средства за дезинфекција на заболените, не ја нарушуваат политиката на социјалната мрежа за дезинформации за КОВИД-19.

Портпарол на Твитер за Ројтерс изјави дека тие ја сметаат изјавата на американскиот претседател како желба да се најде лек за КОВИД-19 наместо буквален повик луѓето да инјектираат средства за дезинфекција.

Твитер претходно објави дека дава приоритети за отстранување на дезинформации за КОВИД-19 кои би можеле да бидат штетни, но нема да одговорат на кој било пост што содржи нецелосни или контроверзни информации за болеста.

Социјалната мрежа во своето правило за дезинформација изјави дека ја проширува дефиницијата на штета на сè што е спротивно на упатствата на здравствените власти.

На прес-конференцијата во Белата куќа, Трамп рече дека би било „интересно“ да се провери дали средството за дезинфекција може да убие вирус во телото бидејќи го убива однадвор.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.