НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Епидемијата се намалува, има факти кои укажуваат на тоа

0
By Менче Атанасова Точи on April 30, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комисијата за заштита од заразни болести констатирала намалување на бројот на нови дијагностицирани случаи, како и на индикациите за нови тестирања за Ковид-19. Ова е сигнал за намалување на епидемијата, информира министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција.

„Разговаравме на Комисијата за заразни болести и сето ова оди во прилог на намалување на епидемијата“, рече Филипче.

Според последните информации од Министерството за здравство, денеска се дијагностицирани 23 новозаболени пациенти, од вкупно 386 тестирања.

Министерот рече дека кога ќе почнат да попуштаат мерките за превенција, тоа ќе се прави етапно за да не се создадат големи гужви.

„Протоколите се подготвени за олабавување на мерките, датумот кога тоа ќе се случи е рано да се каже. Олабавувањето на мерките ќе оди постепено, ќе бидат задолжитени маските и дистанцата меѓу луѓето.

Министерот смета дека мерките за заштита кои ги избрала нашата држава се идеални и дека овој модел ги дал посакуваните резултати. Во однос на моделот во Шведска кој многу се спомнува во медиумите, Филипче нагласи дека ризикот е голем за да се оди на создавање на масовен имунитет на населението.

„Секоја земја има своја карактеристика, не постои универзален модел. Во однос на Шведска таму смртноста е многу голема, оваа земја е на петто место по смртност во Европа. Ризично е да се препорача стекнување на општ имунитет на населението и сметам дека премногу е голем ризикот за тоа“, истакна Филипче.

Тој уште еднаш потенцира дека вирусот може да се врати на есен од причина што тогаш се јавуваат респираторните вируси и втора причина за оваа претпоставка е дека корона вирусот има тренд на зголемување во земјите каде БСЖ вакцината не е задолжителна, така што нашата држава треба да е подготвена на тоа. Особено што тогаш се појавува и сезонскиот грип, што ќе биде комбинирано и дополнително може да ја отежне ситуација.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.