Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во целост ги демантира наводите објавени во текстот со наслов „Чулев бил против пофлексибилно движење за 1 мај, а граѓаните ги нарекол агресивни“. Во неговата реакција за споменатиот наслов се вели дека „одлуките што ги носи Владата не треба да бидат
во насока на заострување на мерките за ограничување на движењето и истиот е презентиран
во рамки на сите тела на Владата и веќе е познат за јавноста“.
„Напишано на овие интернет портали е комплетна невистина. Министерот Чулев во ниту еден момент и во ниту една дискусија не ги нарекол граѓаните „агресивни“, напротив неговиот став е дека секое дополнително ограничување на движењето може да се одрази негативно на сите нив. Тој апелираше до граѓаните да ги почитуваат одлуките кои се однесуваат на задолжителна употреба на соодветна заштитна опрема, а Министерството за внатрешни работи, односно полициските службеници и понатаму ќе стојат во првите редови во заштита на животот и здравјето на сите нас“, стои во демантот на првиот човек на МВР, Чулев.
Редакцијата на Нова ТВ се извинува за задоцнетото објавување на демантот и направениот пропуст што пораката во електронското сандаче не е забележана навреме.