НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Следната недела започнува скрининг во градинки, домови за стари лица, медицинарите

0
By Менче Атанасова Точи on May 7, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се подготвува и листа на пациенти чии интервенции беа откажани на клиниките. Овие пациенти ќе имаат приоритет од почетокот на наредната недела кога ќе почнат постепено да функционираат клиниките, информира министерот Филипче.

Од наредната недела започнува скринингот на првата група со кој ќе бидат опфатени вработените во градинките, во домовите за стари лица и здравствените работници. Веќе е завршен планот за скринингот на населението за детектирање асимптоматски групи на заболени од Ковид-19 од страна на Центарот за јавно здравје и Институтот за јавно здравје, информира министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

„Ќе се прават околу 400-500 тестови согласно индикациите за критични групи, преку PCR-тестови. Кога децата ќе се вратат во градинките, треба да бидеме сигурни дека нема асимптоматски носители на вирусот кај вработените во градинките. Истото важи и за здравствените работници и вработените во домовите за стари лица, тие се приоритетна група“, изјави министерот Филипче.

По нив ќе бидат тестирани вработените во полицијата, таксистите, вработените во јавните служби, возачите во автобусите на ЈСП, како и кај пациентите со биолошка терапија.

Земањето брисеви за скринингот ќе го вршат матичните лекари, а со почнување на работа на стоматолозите од понеделник, тестирањето ќе оди и преку нивните ординации.

Се подготвува и листа на пациенти чии интервении беа откажани на клиниките. Овие пациенти ќе имаат приоритет од почетокот на наредната недела кога ќе почнат постепено да функционираат клиниките, информира министерот Филипче.

„Овие пациенти ќе имаат приоритет и пред да им биде извршена интервенцијата, пред да бидат примени задолжително ќе бидат тестирани за да ги заштитат и останатите пациенти и медицинскиот персонал“, изјави министерот Филипче.

И системот „Мој термин“ се прилагодува на ваквиот начин на работа, рече Филипче. Во исто време се средуваа улиците во Клиничкиот центар, за да се искористи моментот додека таму нема пациенти, со што ќе се реши проблемот сос сообраќајниот хаос, рече Филипче.

Тој нагласи дека преку матичните лекари ќе ја промовираат апликацијата „Стоп корона“, која веќе ја имаат инсталирано 55.000 граѓани. Со помош на оваа апликација еидемиолозите имаат многу појсна слика за движењето на вирусот и откривање на кластерите.

Стигна и помошта од ЕУ,  20 монитори, уште дополнителни од нивната вкупна помош 25.000 маски N95, 100.000 хирушки маски, 750.000 пара раквици, 10.000 заштитни очила, со што вкупната вредност од оваа помош заедно со респираторите, кои стигнаа или ќе стигнат, достигна 3,2 милиони евра, истакна Филипче.

Тој посочи дека ќе стигнат и 20 респиратори од Норвешка и со нив и 20-те респиратори од ЕУ и 15 ги потврдивме преку УНДП има значајно зголемување на бројот на респираторни машини.

Филипче додаде дека тоа е многу повеќе од две третини од вкупниот број респиратори со кој располага земјава, тие соодветно ќе се распределат и тоа е едно значајно зајакнување на здравствен систем.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.