Околу 15.000 луѓе денеска во Рига , која е годинава Европска престолнина на културата, направија „жив ланец на библиофили“ со што симболично беше означено отворањето на новата зграда на Народната библиотека.
Два километри долгиот човечки ланец ја започна преселбата на книгите од старата, неокласична зграда на билиотеката, изградена пред 150 години, кон новата која за јавноста ќе биде отворена оваа недела.
Слочен, но многу подолг ланец од два милиони луѓе направија во 1989 година Летонците, Литванците и Естонците барајќи ја својата независност од Советскиот сојуз.
Жителите на Рига сепак го критикуваат архитектонското решение на новата библиотека. Тоа е асиметрична пирамида дело на американскиот архитект Гунар Биркет, со летонско потекло, а изградбата чинеше 166 милиони евра.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.