Едно лице почина, 13 се излекувани, а 36 се новозаразени со ковид-19 во земјата во последните 24 часа, информираат од МЗ. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 58 годишна возраст, кој бил хоспитализиран пред една недела со тешка форма на болеста и од 6 мај бил приклучен на механичка вентилација.
Од МЗ истакнуваат дека на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска се регистрирани 13 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 6, од Куманово – 2, од Прилеп – 1, од Тетово – 1, од Македонски Брод – 1, од Пехчево – 1 и од Виница – 1.
Во изминатите 24 часа се направени 411 тестирања, при што се потврдени 36 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје – 7, во Куманово – 4, во Прилеп – 4, во Тетово – 12, во Велес – 6, во Гостивар – 1, во Пехчево – 1 и во Берово – 1.
Согласно ова, вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.622, бројката на оздравени пациенти е 1.112, на починати е 91, а во бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 419. Последната дистрибуција по градови е следна:
Скопје – 538, активни 131
Куманово – 408, активни 63
Дебар – 51, активни 0
Штип – 35, активни 2
Прилеп -173, активни 65
Тетово – 108, активни 53
Струга – 67, активни 16
Велес – 107, активни 51
Битола – 22, активни 3
Охрид – 15, активни 9
Кавадарци – 5, активни 1
Гостивар – 18, активни 4
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 2, активни 0
Крива Паланка – 6, активни 2
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 5
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 1
Неготино – 9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево – 3, активни 2
Делчево – 1, активни 1
Валандово – 1, активни 1
Виница – 2, активни 0
Кратово – 1, активни 1
Берово – 1, активни 1
Направените 411 теста се преку ИЈЗ – 248, преку Ветеринарен факултет – 13, преку „Авицена“ – 14, преку „Биотек“ – 42, преку Клиниката „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 48, преку „Систина“, со PCR метода, – 27 и преку МАНУ – 19. Досега во земјата се направени вкупно 18.821 тестирања на ковид-19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени тројца пациенти со потешка клиничка слика, а вкупно хоспитализирани се 39. На кислородна поддршка се 16, а на механичка вентилација тројца пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се тројца нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 17. На респираторна машина се тројца пациенти и уште двајца се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се хоспитализирани тројца пациенти сомнителни на ковид-19, а на домашно лекување се следат двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно пет лица, а уште едно се следи на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, во Велес, во Куманово и во Тетово сe хоспитализирани 57 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.