Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Имате пари? Купете си европски пасош!

0
By Светлана Јовановска on January 20, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 20, 2014 08:56

Државјанството на европските земји не е за продавање. Ова е пораката која од Стразбург минатата недела ја испрати Европскиот парламент (ЕП) усвојувајќи резолуција, која не е законски документ, со која се осудува намерата на Малта, од 1 февруари, да го продава своето државјанство за сума од 650.000 евра за 1.800 лица кои ќе се пријават.

Малта, да потсетиме, има 400.000 жители.

Како и ЕП така и Европската комисија (ЕК) се противници на овие планови на Малта. “Европското државјанство не може да носи етикета со цена”, изјави во Стразбург Вивиан Рединг, комесар за правда и фундаментални слободи. Таа потсети дека поседување на европски пасош дава право на слободно движење за работната рака и гласање на локални и европски избори во сите земји членки.

Во ЕУ не постои законски акт која ја регулира оваа област па проценката за тоа како се добива државјанство е оставено на секоја земја членка доколку постои “врска помеѓу лицето кое бара државјанство и земјата”.

Но, според планот на Малта, за да се купи државјанството не треба дури ни да се има документи за престој. Потребни се само пари.

Оттука некои од пратениците на дебатата вчера во Стразбург забележаа дека за “сите гангстери од Русија или Кина и олигарси” ќе можат да си купат пасош и да перат валкани пари. Според пратеничката Мари-Кристин Вержиа од Обединетата левица, ова го потврдува парадоксот на ЕУ која се отвора за дебели џебови а се затвора за имигрантите кои се во неволја.

Демо-христијаните од ЕП побараа да се стави крај на овој закон во Малта а социјалистите, кои се на власт во Малта, побараа ЕК да реагира во корист на вредностите на ЕУ.

Либералите од своја страна побараа од ЕК да донесе јасен текст и да не се ограничува само на пораки.

Малтешките десничари пак рекоа дека се борат против проектот и се загрижени за лошиот имиџ што за Малта го дава овој проект. Тие посакаа нивната влада да ги чуе пораките на пратениците од Стразбург.

Малтешките социјалисти го бранеа проектот: “Ова е напад врз суверенитетот на Малта која повеќе не е колонија. Оние што се обидуваат да ја понижат Малта од политички причини треба да се засрамат од себе си”, рече пратеничката Марлен Мици.

Овој став го поддржа Грција, претседавач на ЕУ, која смета дека “земјите членки треба да имаат свои правила за државјанството. Нема хармонизација во ЕУ во оваа област”.

ЕП побара дебата на оваа тема која ќе ги ориентира земјите членки во оваа област. Имено, во ЕУ и други држави имаат еден вид сомнително однесување во врска со државјанството. Така Австрија, Португалија, Кипар или Белгија имаат необични закони. Во Белгија е можно да се добие државјанство по неколку години легален престој во државата за кое се бара голема сума пари. Така некои богаташи од соседните земји добиваат државјанство и се доселуваат во Белгија каде што плаќаат помалку даноци.

И покрај јасните пораки на ЕП пратениците не веруваат дека малтешката влада, ниту било која друга, ќе ги послуша. Областа останува да биде регулирана од националното законодавство и според интересите на секоја земја.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.