Во март оваа година се издадени 219 одобренија за градба што е за 20,9 отсто помалку во однос на истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.729.753.000 милијарди денари или 11,2 отсто помалку од лани.
Најголем број дозволи за градење се издадени во Скопскиот регион (55) по што следува Полошкиот со 48, Вардарскиот со 33, итн. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 115 (52,5 отсот) се наменети за објекти од високоградба, 41 (18,7 отсто) за нискоградба и 63 (28,8 отсто) за објекти за реконструкција.
Од 219. објекти за кои се издадени одобренија за градење, на 109 (49,8 отсто) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 110 (50,2 отсто) инвеститори се деловни субјекти.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во извештајниот период е предвидена изградба на 228 станови со вкупна корисна површина од 24.572 метри квадратни. Во Скопскиот регион ќе се градат 86 стана, од кои 38 во Општина Гази Баба, 22 во Кисела Вода, 17 во Карпош.