Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И покрај олеснетите мерки, џамиите во Косово остануваат затворени и за Бајрам

0
By Нова ТВ on May 16, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 16, 2020 19:39

Исламската заедница на Косово (ИЗК), по консултациите и во соработка со Министерството за здравство, оцени дека во земјата и натаму постои опасност од ширење на пандемијата на Ковид-19, поради што одлучи да не ги отвори џамиите ниту за верскиот празник Фитр Бајрам, кој годинава е на 24 мај, јави дописникот на МИА од Приштина.

Косовскиот муфтија Наим Тернава, по вчерашната средба со вршителот на должноста министер за здравство, Арбен Витиа, информира дека отворањето на џамиите нема да биде опфатено со листата на олеснителни мерки од втората фаза, што треба да стапи во сила в понеделник, на 18 мај, и покрај тоа што моментно тече светиот месец за муслиманските верници, Рамазан, кој завршува со нивниот најголем верски празник, Фитр Бајрам.

Како што се наведува во соопштението на ИЗК, муфтијата им се заблагодари на сите верници муслимани за почитувањето, во прв ред, на препораките на Министерството за здравство и на Институтот за јавно здравство на Косово, како и на одлуките на ИЗК.

– За Исламската заедница на Косово беше мошне тешка одлуката за откажување на клањањето со џемат (верници) на дневните намази и на другите собири, изјави Тернава.

Според челникот на ИЗК, деновиве имало интензивни активности со цел во последните десет дена на месецот Рамазан да се отворат џамиите, меѓутоа по разговорот со министерот за здравство е заклучено дека „тоа би претставувало голема опасност и дека здравјето на верниците е примарно и најзначајно“.

Министерот Витиа исто така им се заблагодари на муслиманските верници за тоа што ги почитуваат препораките на здравствените институции и одлуките на Претседателството на ИЗК.

– Плановите на здравствените институции се расипаа во изминатите четири дена, кога бројот на нови случаи со Ковид-19 се зголеми, поради што ситуацијата продолжува да биде несигурна, се цитира Витиа во денешното соопштение на ИЗК.

Во Косово досега се потврдени 955 случаи на заразени од новиот коронавирус. Од нив, излекувани се 691 лице, додека починаа 29 заболени, така што официјалната бројка на активни случаи, вклучително податоците за минатиот ден, изнесува 235. Вчера беа извршени 300 тестирања, при што се регистрирани десетмина новозаразени и еден излекуван. Последниот смртен случај на заболен од Ковид-19 е забележан на 12 мај.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.