НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европскиот пат за Србија минува преку нормални односи со Приштина

0
By Светлана Јовановска on January 21, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Историски ден за Србија кој го натера комесарот за проширување Штефан Филе да испрати твит на српски јазик најавувајќи дека преговорите за членство меѓу ЕУ и Србија навистина започнаа.

Белград го почнува процесот на преговори со ЕУ кој треба да ја донесе земјата до полноправно европско членство. Утринава во Брисел се отвори меѓувладината конференција со која официјално се отвораат преговорите за членство во ЕУ.

Во Брисел допатуваа премиерот Ивица Дачиќ и потпретседателот Александар Вучиќ кои беа пречекани од претседателот на Европската комисија (ЕК) Хозе Мануел Баросо. На ним им се придружија министерот за европска интеграција Бранко Ружиќ и шефицата на преговарачкиот тим Тања Мишчевиќ а ЕУ ја застапуваше грчкиот претседавач Евангелос Венизелос, комесарот за проширување Штефан Филе и амбасадорите на земјите членки.

Отворањето преговори стана можно откако на 19 април 2013 година Белград и Приштина, со помош на Брисел, склучија договор кој ја отпочнува нормализацијата на односите помеѓу Србија и Косово.

Според новата методологија на ЕУ новите земји кои преговараат за членство треба да започнат со отворање на поглавијата 23 и 24 кои се однесуваат на судството и фундаменталните права. Но освен овие две поглавија Србија ќе мора да го почне преговорите со уште едно ново поглавие под број 35 и кое се однесува на нормализацијата на односите со Косово. Скринингот за ова поглавие започнува веќе утре на 22 јануари и потоа ќе биде појасно кои теми ги содржи ова поглавие.

За да може Србија да стане членка на ЕУ по неколку години од неа се очекува пред се тотална нормализацијата на односите со Косово. Оттука член на преговарачкиот тим е и министерот за портфељ задолжен за Косово и Метохија Александар Вулин и кој ќе го води поглавието 35.

Според комесарот за проширување, Србија на очекуваат бројни предизвици на патот кон ЕУ: “нема време за опуштање”, изјави Филе за Танјуг додавајќи дека најважно е Белград да остане фокусиран на нормализација на односите со Косово и работа за доближување до европските стандарди како правната држава.

Според српскиот премиер целта на Белград е да ги заврши преговорите до 2018 година а потоа, вели тој, “не е до нас дали ќе бидеме примени во ЕУ во 2020 година”. Тој исто така потсети дека преговорите имаат свои правила и дека преговорите ќе бидат закочени доколку дојде до блокади во односите со Косово.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.