НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Актерката Љупка Џундева добитник на почесното признание на Астерфест

0
By Нова ТВ on January 21, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Актерката Љупка Џундева е првиот лауреат на јубилејното 10-то издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“во Струмица. Таа е овогодинешен добитник на почесното признание на Астерфест и Тивериополската филмска алијанса за посебен придонес во филмската и драмската уметност.

Џундева толкувала впечатливи улоги во низа македонски долгометражни и кусометражни играни филмови, како и во ТВ серии и драми. Таа е родена во 1934 во Скопје, а нејзината актерска кариера започнува со првиот македонски игран филм и активно трае сѐ до денес. Наградата на Џундева свечено ќе ѝ биде доделена на фестивалот кој ќе се одржи од 27 до 31 мај оваа година.

Другиот лауреат, добитникот на авторската награда „Астер“ ќе биде соопштен на посебен прес во Струмица.

„Астерфест“ е интернационален филмски фестивал востановен во 2005 година. Фестивалот досега континуирано промовира селектирани компетиции во категориите на краткиот игран, креативниот документарен и анимираниот филм.

Фестивалското мото на јубилејниот „Астерфест“ е „Ново и старо“.

Во текот на целата година, во знак на деценискиот јубилеј, Тивериополската филмска алијанса во соработка со разни субјекти ќе организира повеќе активности во Струмица, државата и странство. Некои од претстојните програмски активности се: филмски вечери со авторите Бранко Ставрев и Желимир Гвардиол, премиера на краток филм на Ице Виранов, промоција на едицијата „Словенски Орфеј“, издавање на монографска публикација за брендот „Астерфест“, ретроспектива на наградувани и тематски филмски циклуси, креативно-едукативни работилници, портрети, изложби и др.
Решението за дизајнот е на Розита Волкович, струмичанка која живее во САД.

Во чест на лауреатката Љупка Џундева, на 24 јануари (петок) во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, ќе се прикаже долгометражниот игран филм „Мирно лето“ во режија на Димитрие Османли.

Овогодинешниот Астерфест е под финансиско покровителство на Министерството за култура, Општина Струмица и Делегацијата на ЕУ, а ќе го помогнат и неколку амбасади и други институции. Традиционален партнер на „Астерфест“ е Кинотеката на Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.