Цветанка Иванова лично и заедно со пратеничката група на СДСМ гласаа низа закони со кои беа ускратени работничките права во Република Македонија, возврати ВМРО – ДПМНЕ на обвинувањата од пратеничката која констатираше дека ветувањата на премиерот Груевски се стари осум години.
>>Иванова: Новите ветувања на Груевски стари осум години
ВМРО-ДПМНЕ ги наброја законоте кои Иванова ги поддржала:
– Измените во Законот за работни односи во 2005 година со кој се намали времетраењето за кое што отпуштениот работник како технолошки вишок имаше приоритет кај истиот работодавец.
– Измените во Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност со кои драстично се намали времето за кое се исплатува паричниот надоместок за невработени лица.
– Во 2003 година со измени во Законот за работни односи се намали висината на испратнината на работниците на кои им претставува работниот однос.
– Во 2004 година со измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност се оневозможи лицата кои го прекинале својот работен однос по своја волја да ги остваруваат прават што се добиваат со стекнување со статусот невработено лице.
– Во 2005 година со измените на Законот на работни односи се отежна правото на штрајк каде како организатор може да се појави само Синдикат.
– Со измените на Законот за вработување на инвалидни лица во 2005 година се намалуваа средствата кои се издвојуваат за вработување на овие лица и многу други.
„Во време на Владите на СДСМ, беа затворени или однесени во стечај ијладници фирми и претпријатија, а 200 000 луѓе останаа без своите работни места. Времето кога Цветанка Иванова и СДСМ беа власт и решаваа за судбините на граѓаните е време во кое ијладници фамилии беа доведени до работ на егзистенција“, констатираат од ВМРО – ДПМНЕ.