Во раните утрински часови во петокот, околу 02 часот по полноќ започна да чука првото трансплантирано срце во градите на 54 годишниот Иван Огненовски. Операцијата траеше шест часа и заврши успешно, па лекарскиот тим го разбуди првото трансплантирано срце во земјава во период кога здравството се соочува со пандемија од коронавирус.
„Трансплоантацијата на срце е историски успех за нашето здравство. Кардиохирурзите велат дека ова е круна на нивната работа. Ова целосно ја менува сликата за каридиохирургијата кај нас. Во процесот беа вклучени неколку еминентни имиња, видни лекари од повеќе клиники и покажавме дека здравјето на пациентите ни е приоритет. Секако дека оваа постапка немаше да биде можна ако немавме семејство донори. Целиот процес заврши некако брзо и професионално. Сите пациенти кај кои имавме трансплантација се чувствуваат добро.“- изјави министерот за здравство, Венко Филипќе, на телевизија Алсат, зборувајќи за првата трансплантација во нашата држава. Тој напомена дека овој случај би требало да ги охрабри и другите граѓани кои во иднина би можеле да бидат донори. „Оваа вест одлично оддекна во јавноста. Имаме програма на која работиме подолго време, речиси цела година работевме на програмата за трансплантација на срце. Многу е важно луѓето да бидат свесни дека со донираење на некој орган се спасува живот и тоа е она што оваа постапка ја прави хумана. Ова е најдобар пример како се спасува живот.“- изјави министерот за здравство Венко Филипче во интервју за Алсат.
Зафатот беше извршен на Државната кардиохирургија со учество на заеднички тим од кардиохирурзи под водство на Сашко Јовев (Државна Кардиохирургија), Жан Митрев (Клиника „Жан Митрев“) и Александар Николиќ (Клиника „Систина“) и Маја Мојсова анестезиолог (КАРИЛ).
Ова немаше да биде успешно доколку не постоеше семејството Диневи од Стар Дојран што со голема емоција ги даруваше органите, срцето на нивната најмила Емилија чука во градите 54-годишниот Иван Огњановски, а двата бубрега се трансплантираа кај двајца пациенти со хронична бубрежна слабост кои со години беа на дијализа.




