Режисерот-оскаровец Квентин Тарантино го одложи најновиот проект, вестерн со наслов Омразените осуммина, откако наводно информациите за сценариото протекле од холивудски агенти.
Режисерот рече дека дознал за протекувањето кога неговата канцеларија почнала да добива повици од агенти за своите клиенти за да добијат улоги.
Во изјавата за филмот, на веб- сајтот Дедлајн (Deadline), Тарантино, рече дека тој сценариотот “го дал само на шест лица”.
Тој додаде дека е “многу, многу депресивeн.”
Тарантино, кој победи за најдобро оригинално сценарио на Оскарите минатата година за Django Unchained, рече: “Ја завршив скриптата, првиот драфт и јас не мислев да го снимам до следната зима, една година од сега.”
Режисерот изјавил за Дедлајн дека тој го дал сценариото на три актери, вклучувајќи го Тим Рот, кој се појави во неговите први два филма, Касапски кучиња и Евтини приказни. Oстанатите двајца глумци се Мајк Медсен и Брус Дерн, со што нивните агенти се осомничени.
“Она што знам е дека ова не го направил е Тим Рот”, рече тој. “Еден од другите глумци му дал на неговиот агент да го прочита сценариоот и после тоа агентот го дал на сите во Холивуд.”
Tим Рот
Maјкл Медсен
Брус Дерн