Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брисел чека реформи за слобода на изразување и независно судство

0
By Нова ТВ on January 22, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 22, 2014 19:00

Како ќе продолжи Македонија по европскиот пат кога датумот за преговори за членство станува далечна перспектива?

Ова е накусо прашањето на кое денес во Брисел се обидоа да одговорат комесарот за проширување Штефан Филе и неговите двајца македонски соговорници министрите за надворешни работи Никола Попоски и за европска интеграција Фатмир Бесими.

Тројцата соговорници не излегоа пред новинарите за да одговорат на прашања но соопштение за средбата испрати комесарот Филе. Според него, како што е вообичаено, разговорот се водел околу реформите во Македонија како и можноста да се продолжи со Високиот пристапен дијалог (ВПД) кој е алатка за да се поддржи напредокот на земјата на патот кон ЕУ. Овој ВПД започна пред скоро две години и досега и помогна на Македонија да остане на европскиот пат и да добива позитивни годишни извештаи за своите реформи.

Според Европската комисија (ЕК) овој ВПД ќе продолжи и ќе биде зајакнат во периодот пред следниот годишен извештај на ЕК предвиден за есента 2014 година «за да се напредува на патот на ЕУ интеграцијата», вели кабинетот на Филе.

Од своите денешни македонски гости Филе барал исто така да се примени договорот од 1 март и клучните реформи како што се «слободата на изразувањето, судската независност и изборното законодавство», ги набројува приоритетите соопштението од кабинетот на Филе.

Конечно, Попоски, Бесими и Филе разговарале и за добрососедските односи и «потребата за да се биде во постојан напор за да се гради доверба и да се создадат услови за решенија», вели ЕК мислејќи на македонските односи со Грција и Бугарија за кои Брисел чека чекори кои би воделе кон нивно решавање.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.