Published: Monday, June 1, 2020 11:37
Британската кралица Елизабета Втора е фотографирана како јава пони во паркот во Виндзор. Ова е првпат да е забележана надвор од палатата од воведувањето на мерките на изолација.
Кралицата е позната како голем љубител на јавањето коњи.
Од воведувањето на мерките, таа живее во дворецот Виндзор, заедно со својот сопруг, принцот Филип (98). Оттаму неколкупати ѝ се обрати на нацијата, преку соопштенија или телевизиски обраќања.




