Повеќе од 13 години по исчезнувањето од Португалија, германската полиција откри нова трага за Медлин.
„Во врска со исчезнувањето на тогаш тригодишната Медлин Бет Меккејн, јавниот обвинител во Брауншвајг истражува 43-годишен германски државјани под сомнеж за убиство“, соопшти полицијата.
Трагата до осомничениот довела кога тој покажувал на свој пријател видео на силување на друга жена, после што, истиот тој негов пријател го пријавил случајот.
На 3 мај 2007 година, неколку дена пред нејзиниот четврти роденден, малата Медлин исчезна од семејниот апартман во градот Алгарве во Португалија, додека нејзините родители вечерале во блискиот ресторан.
Исчезнувањето предизвика една од најголемите потраги во последните години. И покрај големиот број осомничени- меѓу кои беа и родителите, никој не беше осуден за нејзиното исчезнување.
Осомничениот, чие име не се соопштува од полицијата, во моментов служи долга затворска казна, а претходно бил осудуван за сексуална злоупотреба на деца.
Единствена информација е дека живеел во Алгарве во периодот од 1995-2007 година, а полицијата трага по две возила и два мобилни телефони кои ги поседувал осомничениот.




