Додека бројот на смртни случаи од коронавирус ширум светот се приближува до 400.000, потврдените случаи на вирус растат побрзо од кога било – секојдневно се пријавуваат над 100.000 нови случаи.
Ова зголемување е сконцентрирано главно во густо населените земји со низок и среден приход, главно на Блискиот исток, Латинска Америка и Јужна Азија, пишува „Њујорк Тајмс“.
На почетокот на пандемијата се зборуваше за модели што не постојат. Се зборуваше дека Африка ќе биде поштедена, но ова е посебен вирус на кој никој не е имун “, рече Ашиш Јха- професор по глобално здравје на универзитетот Харвард.
Новата насока на пандемијата, која сега се оддалечува од западните земји, е всушност лоша вест за многумина кои се справиле со со оваа криза заради добро лидерство на своите земји.
Бразил ја престигна Италија по бројот на загинати од коронавирус. Бразил сега е трета земја во светот по број на смртни случаи од Ковид-19. Вкупно 34.000 луѓе починале од оваа болест во Бразил, пренесува „Гардијан“.
Овие бројки ги објави бразилското Министерство за здравство во четвртокот вечерта. Само САД и Велика Британија се пред Бразил во однос на бројот на загинати во пандемијата. Според официјалните податоци, скоро 615.000 луѓе биле заразени со вирусот.
Бразилскиот претседател Болсонаро непосредно пред објавувањето на овие бројки во емисија преку Интернет, скоро не ги спомна жртвите, но продолжи да јавно ги напаѓа карантините и мерките за социјална дистанца, воведени за забавување на вирусот.
Мексико во средата објави рекордни дневни жртви, повеќе од 1.000, во средата, предизвикувајќи загриженост дека двете најголеми економии во Латинска Америка, како и другите земји, ќе се соочат со дебакл.
Скоро 12,000 луѓе починале од коронавирус во Мексико досега, а бројот на заразените сè уште расте, достигнувајќи повеќе од 100.000 во средата.
Чиле исто така се бори со голема криза, проширувајќи го својот карантин за главниот град Сантијаго оваа недела. Бројот на умрени во Чиле се искачи на скоро 1.300.




