Градот Абердин (Вашингтон, САД) ќе го прославува секој 20.февруари како „Ден на Курт Кобејн“, фронтеменот на култниот рок-бенд „Нирвана“, соопшти градоначалникот на градот, Бил Симпсон.
„Граѓаните на Абердин со право можат да бидат горди на големото влијание на заедницата врз животот на Курт Кобејн“, вели Симпсон.
Според него, родното место на пејачот добило признание во светот поради уметничките достигнувања на Кобејн.
Курт Кобејн е роден во 1967 година а својата светска слава ја достигна со бендот чии хитови
„Smells Like Teen Spirit“, „Come As You Are“, „About A Girl“, и така натаму, се пеат до ден денес.
Бендот уште е познат и по обработката на големиот хит на Дејвид Боуви – The Man Who Sold The World.
Во текот на неговиот живот, Кобејн се бореше со депресијата, алкохолот и дрогата, а во април 1994 година пронајден е мртов во хотелска соба.