НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Караџовски:Комисијата предложи мерки за Рамазан Бајрам, но Кризниот штаб ги промени

0
By Нова ТВ on June 8, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Караџовски објасни и дека Комисијата за заразни болести ќе предложи враќање на полицискиот час за кризните општини, кој според првичниот предлог би почнувал од 22 часот

Пред Рамзанските празници, Комисијата за заразни болести донесе свој став и предложи препораки, но главниот Кризен штаб ги промени тие мерки, обелодени епидемиологот и претседател на оваа Комисијата, Жарко Караџовски на денешната прес конференција. Тој со ова одговори на прашањето на НОВА, зошто ако се знаело дека нема да се почитуваат мерките и особено ако се знаеле последиците од тоа, дозволиле олабавување на мерките.

„Пред Рамазанските празници Комисијата даде свои препораки, но од непознати причини главниот Кризен штаб ги промени тие мерки, зошто не знам. Знаете дека инфекцијата се случува 7 до 10 дена после празникот Бајрам да кажеме, а ефектот е сега. Не се почитувале мерките, затоа ги имаме овие случаи сега во Скопје во четири кризни региони, каде луѓето се движеле од еден дел на градот во друг, по роднини и пријатели, а скопскиот регион е неделив“, одговори Караџовски.

Ова е всушност, моментот со кој беше донесена одлуката на Влада за олабавување на мерките на 26 април. Комисијата и за празникот Бајрам предложи полициски час од сабота од 19 часот до вторник до 5, но Владата одлучи дека полицискиот час треба да почне од недела од 11 часот до вторник до 5 часот.

Последиците сите ги знаеме, нагло зголемување на бројот на заболени, многу асимптоматски случаи кои ја шират болеста без да знаат, сериозно болни со тешка клиничка слика и починати. Најголемите и најголем процент од кластерите се токму од ваквите семејни средби и заеднички вечери. Караџовски вели дека непочитувањето на мерките, неносењето на маска, групирањето и ифтарските вечери „ни се удрија од глава како бумеранг“, претставувајќи ја епидемиолошката анализа на Институтот за јавно здравје.

Караџовски објасни дека Комисијата за заразни болести ќе предложи враќање на полицискиот час за кризните општини, кој според првичниот предлог би почнувал од 22 часот.

Тој образложи дела лично како доктор, не верува дека со забраната за движење од 22 часот ќе го намали ширењето на вирусот, но објасна дека целта е да се спречат вечерните групирања и ризикот од трансмисија да биде помал.

„Дали на тој начин ќе се спречи ширење на инфекцијата, ако ме прашувате како доктор верувам не, но нема да дозволиме после 22 часот да има групирања, седенки, собирања по паркови. Нема да дозволиме близок респираторен контакт на седенки по клупи. Дали мерката ќе се почитува во 18 часот, 19 или 22 часот, за мене е исто битно е да се почитува“, речче Караџовски.

Со ова рече, дека после тридневниот карантин им се дава можност на луѓето „да олабават“ и до 22 часот да ги завршат секојдневните обврски.

„Ако едно време имавме полициски час од 21 до 05, сега денот е подолг. Се затемнува покасно и дел од луѓето се на работни места до 16-17 часот, еве да имаат три сата можност да испазаруваат, да прошетаат на воздух и да се вратат дома. Тоа ни беше првата водилка за 22 часот. Ние можевме да направиме и предлог од денеска од 14 часот. Што ќе се случеше? Луѓето ќе трчаа од работа дома и ќе не колнеа ќе ни зборуваа дека не сме стручни. Сега дека сме пуштиле од 22 ни велите што правите ги олабавувате мерките. За некои работи морам народски да се изразам: Дел од народот ни се тера ни се води“,  изјави Караџовски.

Тој апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките бидејќи како што рече„само тие што не биле на Инфективна клиника не знаат колку  е мачна таа атмосфера“.

„Господ не може да помогне ако народот не ги почитува мерките“, рече Караџовски.

Коронавирусот во земјава е концентриран во 12 града во земјата кои опфаќаат 97,5 отсто од случаите. Според епидемиолошките анкети и анализи, околу 65 отсто од заболените со коронавирус во Скопје се поврзани со познат случај, а 90 отсто од нив спаѓаат во 41 кластер. До пред вториот бран  во Скопје имало 15-20 кластери. Сега има 41 кластер.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

ВЕСТИ August 8, 2025

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека примирјето меѓу Русија и Украина „зависи“ од…

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

August 7, 2025

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.