Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Курти најави дека движењето Самоопределување ќе се прошири и во Северна Македонија

0
By Нова ТВ on June 12, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 12, 2020 21:32

Лидерот на движењето Самоопределување (ВВ) и доскорешен премиер на Косово Албин Курти најави дека неговата партија наскоро ќе дејствува како политички субјект и во Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешниот собир по повод 21-годишнината од ослободувањето на Косово и 15-годишнината од основањето на ВВ, Курти изјави дека „Самоопределување ги освои срцата“ на сите Албанци во сите албански средини во регионот.

– Ние го имаме нашиот центар во Албанија, а од денеска ја покренуваме иницијативата за основање на Движење самоопределување и во Северна Македонија, порача Курти на крајот од својот говор пред неколку илјади граѓани на собирот на плоштадот „Скендербег“ во центарот на Приштина.

Според доскорешниот косовски премиер, неговата партија „веќе е порасната и проширена на сите албански територии“.

– Самоопределување ќе има и во Албанија, во Северна Македонија, во дијаспората и насекаде. Во Косово набргу ќе има избори и ВВ ќе го добие мнозинството гласови, рече Курти, порачувајќи дека сета власт во Косово ќе ја има неговата партија.

Потпретседателот на партијата, досегашниот вицепремиер Хаки Абази, порача дека „Албанија и Косово наскоро ќе имаат причина заедно да слават“, откако ВВ ќе победи на наредните избори.

– Цела Албанија ги имаше очите вперени кон Косово оваа пролет. Албанија сфати дека ВВ ја изгуби власта, но само привремено. Албанија знае дека ВВ ги освои срцата на Албанците насекаде, во Албанија, Северна Македонија, Медвеѓе и во целата дијаспора, порача Абази.

Лидерот на ВВ Курти беше избран за премиер на Косово на 3 февруари годинава, откако неговата партија победи на изборите од 6 октомври, минатата година.

На 25 март Собранието на Косово, на иницијатива на неговиот дотогашен коалиционен партнер, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), му изгласа недоверба, додека на 3 мај беше избрана новата влада, предводена од Авдулах Хоти од ЛДК. ВВ ѝ го оспорува легитмитетот на новата влада и бара нови парламентрни избори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.