Вчера, на возраст од 85 годни, почина писателот, поет, романсиер, раскажувач и драматург, Миле Неделковски. Роден е на 25 ноември 1935 година во Прилеп, а од 1963 година беше член на Друштвото на Писатели на Македонија (ДПМ).
Неделковски е автор е на збирките поезија: Срцето од злато (1963 година), Јужно лето (1963 година), Улавиот од Преспа (поема, 1965 година, Еретикон – Еротикон (1969 година), Недела, ден за каење
(1984 година), Битпазар – стилски вежби, ете… (1984 година), Заточеници (поема, 1989 година), Огледало на сенките (1990 година), Секогаш иста (1990 година), Задушница за престапните (2002 година), Палимпсест (2015 година).
Во неговиот богат творечки опус ги потпиша и романите: Пепелаши (1969 година), Трненки (1972 година), Пандур (1981), Потковица на смртта и надежта (1986 година), Петрафил за вечната земја (1989 година), Подгревање на вчерашниот ручек (1989 година), Создателот и старата емигрантка – продавачка на разни плодови (1991 година), Празникот на светите маченици (1996 година), Јавна
кривична пријава (1999 година), Постела на сенките (прв дел – 2001 година, втор дел – 2001 година, трет дел – 2003 година), Пределот со две годишни времиња (2005 година), Другиот ден (2007 година), Ланскиот снег (2009 година).
Негови драмски текстови се: Триумфот на Тројанскиот коњ (драма во стихови, 1974 година), Враќање во арената на стариот прославен, заслужен и ислужен кловн и Пропаста на Олимп (стихувани драми, 1983 година), Прозорец што гледа на улица, Преспански круг со црвена боја и На крепоста чувари (1985 година).
Неделковски е добитник е на наградите „Браќа Миладиновци“ и „Рациново признание“.