„СОС Детско село“ денеска одбележува 19 години постоење и работа со деца без родители и родителска грижа, поддршка на семејства во социјални ризици и млади на кои им е потребна поддршка во осамостојувањето и интеграција во заедницата.
За овие 19 години посветеност „СОС Детското село“, како што соопшти, создаде топол дом, љубов и грижа за 200 деца без родители и родителска грижа, поддршка на повеќе од 60 млади без родители и родителска грижа а на почетокот на нивниот независен живот беше тука за вкупно 35 млади лица.
„СОС Детско село“ посочи дека досега има поддржано и 313 семејства во социјален ризик со вкупно 911 деца, помогна на 470 млади невработени лица, отвори 56 мали бизниси и вработи 155 лица.