НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина 31 годишниот Христијан кој чекаше трансплантација на срце

0
By Менче Атанасова Точи on June 23, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Почина 31 годишниот Христијан Неделковски кој осум години живееше приклучен на батерии, со вградени две пумпи во срцето (БИВАД), интервенција која беше направена во болницата „Херцентрум“, во Берлин. Тој во средината мај беше примен на одделот за интензивна нега во Државата кардиохирургија, откако пумпите алармите дека нешто се случува с о неговото срце.

Христијан беше првиот пациент на кого му беа вградени пумпи во срцето пред осум години, а рокот на траење на овие пумпи е пет години. 

Христијан во февруари годинава алармираше дека му е потребна трансплантација на срце кога заедно со Исмет Хаџиу единствениот пациент со вештачко срце, (кој почина во април), беа гости во емисијата ПРОЦЕС на НОВА. Веста дека починал младиот Христијан ја соопштија од Националното здружение на пациенти со МП на срцето „Храбро срце“.

„Христијан почина, премногу изгубени години на макотрпно чекање и исполнивање на „ветувањата“ од институциите. Толку вреди еден живот кај нас, за жал, што дури 8 години ниту еден од надлежните не се потруди да помогне за да го најде својот спас надвор од нашата земја“, напишаа од „Храбро срце“, на својата фејсбук страница.

Христијан живееше приклучен на батерии со придружна опрема тешка 7-8 килограми и од која е невозможно да се одвои. Тој бараше помош од државата, да се најде срце бидејќи вештачкото срце или пупмите кои се вградуваат во развиените земји се само преодна фаза додека се најде срце и направи трансплантација. Двајца пациенти со вградени со вградени две пумпи и еден со вештачко срце починаа во последните неколку месеци, останаа уште двајца со по две пумпи во срцето.

„На нас времето на живот ни е ограничено. Ако немаме поддршка од ФЗО и од Министерството за здравство добрата приказна, ќе стане лоша приказна. Ќе си заминеме еден по еден“, вели за НОВА, Даниел Тодоровски, претседател на здружението„Храбро срце“, кога објавивме дека почина единствениот пациент со вештачко срце, Хаџиу.

Во моментот во државата има над дваесттина пациенти кои имаат потреба од трансплантација на срце, десеттина од нив немаат никаква механичка поддршка, а останатите имаат вградени пумпи и или механичко срце.

На 22 мај беше извршена првата трансплантација на срце од починат донор, од Емилија Динева која беше во состојба на мозочна смрт по сообраќајна несреќа,  а срце доби 54 годишниот Иван Огњановски кој се уште закрепнува во Државната кардиохирургија. Со оглед на тоа што државата не е членка на Еуротрансплант и по успешно извршената трансплантација од македонските лекари, пациентите кои имаат потреба од трансплантација на срце, единствевниот спас го гледаат тука, во земјава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.